Еколошки такси: Дополнително осиромашување на граѓаните

Новата давачка позната како еколошка такса која треба да ја плаќаат граѓаните при користење на дизел или бензин, предизвика несогласувања меѓу власта и опозицијата, но и негодување во јавноста. Еколошката такса по принципот „Загадувачот плаќа“ треба да ги натера граѓаните да се откажуваат од фосилните горива и со тоа да допринесат во развојот на зелената транзиција, чија цел е користење на обновлива енергија и алтернативни начини на транспорт. Измените се во Законот за животна средина во членот 184, а предлагач е Владата.

Недостатокот на јавна дебата ја збуни јавноста, пред се поради тоа што нема доволно информации за оваа промена. Власта планира законот да се донесе по брза постапка, со европско знаме. Целиот опозициски блок најавува дека нема да ги поддржат измените со кои се планира новата давачка. Од ВМРО-ДПМНЕ  сметаат дека е ова товар што ќе го осиромаши буџетот на граѓаните, особено сега во време на криза предизвикана од глобалната пандемија на КОВИД-19.

Гости во 25 минути се Невена Смилевска, активистка, Еко Свест, Тони Поповски од Брисел, поранешен министер за животна средина и просторно планирање, д-р Ненад Коциќ од СДСМ, Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ и Фатмир Битиќи, Вицепремиер за Економија.