Колку навистина се загрева Земјата?

  • Август 2020 беше околу 2,14 ° C потопол од просечниот месец забележан на Земјата од 1880 година.

 

  • Како што потврдија НАСА и НОАА, месеците од февруари до април, а исто така и август во 2020 година беа вторите најтопли месеци во историјата.

 

  • Овие промени во глобалното затоплување ќе доведат до промени во силата, фреквенцијата, просторната мера и времетраењето на екстремните временски настани.

 

Податоците од НАСА покажуваат дека Земјата постепено се загрева од крајот на 19 век. Од 2000 година, се чини дека овој тренд е забрзан, како што е прикажано во визуелизацијата на објавените податоци. Август 2020  беше околу 2,14 ° C потопол од просечниот месец забележан на Земјата од 1880 година.

 

Како што се гледа од месечните температури од избраните години од 1880 година, зимската температура е природно под повеќегодишната средина на референтниот период, што е единствена бројка што ја покажува месечната просечна температура за подолг временски период, без оглед на годишните времиња. Летните температури се природно над повеќегодишната средина на основниот период, но се раздвојуваат се подалеку и подлеку од тоа.

 

Како што потврдија НАСА и НОАА, месеците од февруари до април, а исто така и август 2020  беа вторите најтопли месеци досега забележнни од ваков вид, додека јануари и мај и јули 2020 беа изедначени на второто место. Научниците од НОАА предвидуваат дека 2020 година ќе стане втора најжешка година досега забележана. Засега, 2016 година најмногу ја надмина просечната температура на Земјата (пресметана за годините од 1980 до 2015 година и користена како референтен период за графиконот). 2019 година исто така беше навистина жарна и моментално е втора најжешка година што е евидентирана. Глобалните податоци за блиска површинска температура доаѓаат од копнените метеоролошки станици, како и од бродовите, пловила и сателитски мерења на океаните. Според научните сознанија, континуираното глобално затоплување ќе доведе до промени во силата, фреквенцијата, просторната мера и времетраењето на екстремните временски настани.

Source WeForum