Climate Leaders: Повеќе од 400 жени потпишаа писмо во кое повикуваат на поголема отчетност и транспарентност за родовата еднаквост на COP26

Повеќе од 400 жени потпишаа отворено писмо до британската влада во кое повикуваат на поголема отчетност и транспарентност за родовата еднаквост на COP26.

Потписници на писмото се коавторката на Парискиот договор Лоренс Тубиана, поранешната претседателка на Ирска, Мери Робинсон, економистката Кејт Раворт, адвокатката за животна средина, Фархана Јамин и истражувачката на Националниот географски систем Силвија Ерл. Познати активистки како Ема Томпсон и Ели Гулдинг исто така ги додадоа своите имиња.

Кампањата од SHEChangesClimate беше лансирана минатиот ноември пред самитот на ОН за климатски промени, COP26. Овие меѓународни разговори за животната средина се одложени за 2021 година поради пандемијата КОВИД-19.

Во септември, Велика Британија објави дека настанто ќе биде воден од страна на целосно машки тим, со жени – помлади соработнички вклучени во пишувањето на преговорите.

Во моментов, помалку од 25 проценти од влијателните позиции во раководниот тим на COP26 ги заземаат жени. Организаторите на кампањата бараат подеднакво учество на жените.

Во писмото се наведува дека постојат докази дека вклучувањето жени во одлуките на COP26 и преговарачките улоги ќе ги зголеми шансите за успех и ќе обезбеди поправеден процес на донесување одлуки.

Бела Лак, младинска амбасадорка, Born Free Foundation, рече: „Моите ставови и гледишта во однос на природата се често поттикнати од жени и девојки кои сакаат да ја заштитат и негуваат нашата планета. Треба да го негуваме тој заштитнички инстинкт и да го примениме при нашите напори за заштитување на планетата.”

Документот исто така посочува дека на COP25 минатата година, Владата на Обединетото Кралство се потпиша на Акциониот план за родови (GAP). Ова ја нагласува важноста на вклученоста на жените и родовата еднаквост во процесите за дискусии и донесување одлуки за климатските промени.

Исто така, во писмото е потенцирано и истражувањето во ГАП што покажува дека жените и девојчињата се непропорционално погодени од климатските промени, како и дека имаат клучни улоги во семејството и заедницата во климатските активности.

Според ООН, околу 80 проценти од луѓето кои емигрирале поради климатските промени се жени бидејќи имаат помалку ресурси и помалку формални права.

Извештајот годинава на Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) покажа дека климатската криза го разгорува насилството врз жените ширум светот.

На брифинг пред презентацијата на писмото, британската манекенка и актерка Лили Кол истакна дека има „релевантни податоци за пресекот помеѓу родот и околината“. Таа рече дека овие докази ги открила кога спроведувала истражување за нејзината книга Who Cares Wins, која повикува на поостри мерки за климатските промени.

„Ако им дадете еднаков пристап на жените до образование, планирање на семејство и земјоделски алатки, тоа ќе има огромно влијание врз климата“, додаде адвокатката и основачка на Track 0, Фархана Јамин.

„Жените се изложени на многу поголем ризик кога има еколошки кризи, како што се поплави, бидејќи помалку жени имале шанска да научат да пливаат.“

UN Habitat

Кол рече дека пронашла и „интересни податоци за родот кои покажале дека има јасни празнини помеѓу родовата еднаквост и државната екологија.

„Жените во политички лидерски улоги имаа влијание во една земја врз подобрување на односот на луѓето кон животната средина. Но, објасни таа, „немаше смисла да се прашувам зошто постојат овие празнини. Прифатете дека тие постојат и согласете се дека да има жени во еднакви позиции на моќ е клучно за да има успех.“

SHEChangesClimate веќе имаше состаноци со Питер Хил, извршен директор на COP26 и пратеникот Алок Шарма, претседател на COP26, за да разговараат за ова прашање и да се обидат да постигнат решение. Писмото ќе биде дискутирано и на Climate Ambition Summit, кој ќе биде воден од страна на генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш и британскиот премиер Борис Џонсон. На самитот на 12-ти декември се одбележува петтата годишнина од Договорот за климата во Париз од 2015 година. Одложениот самит COP26 ќе се одржи следниот ноември во шкотскиот град Глазгов.

На самитот ќе присуствуваат шефовите на држави, климатските експерти и борците од целиот свет за да се договорат за координирана акција за справување со климатските промени.

„Борбата за климатска правда е исто така борба за расна, родова, сексуална и економска правда. Жално е што во 2020 година жените се исклучени од најважните подготовки кои се неопходни за успех на Самитот за климатските промени на ООН следната година во Глазгов “, рече Јамин.

„Начините на кои климатските промени влијаат врз родот ни покажуваат дека мораме да обезбедиме еднаква рамнотежа помеѓу мажите и жените на сите нивоа, особено во рамките на раководниот тим на COP26. Тешко е да се очекува дека сегашниот тим, претежно предводен од мажи, ќе се осигура дека гласот и потребите на жените ќе бидат слушнати.“

Source Euro News