„Дара од Јасеновац“ ги интензивира заборавените приказни од Холокаустот

Холокаустот е еден од најпознатите, ако не и најшироко прикажаниот настан во медиумите, особено кога станува збор за европската кинематографија во споредба со онаа во САД, но тој е традиционално еднослоен. Да, очигледно мнозинството филмски дела ќе ја вклучуваат еврејската приказна;  сепак тие имаа највисока стапка на жртви за време на Втората светска војна. И со спектарот на антисемитизмот кои е сè уште присутен на глобално ниво, приказните треба да се раскажат, запомнат и да се одржат живи. Но, не смее да се заборави дека нееврејските Полјаци, Роми, ЛГБТИ+, комунистите и лицата со попреченост беа исто така таргетирани од германскиот рајх.

Во Јасеновац, единствената „негерманска“ серија концентрациони логори во Европа, режимот во Хрватска се насочи кон една друга група со огромна жестокост и суровост, со цел да ја „прочистат“ својата земја: Србите. Сето ова, освен заборавеното и игнорираното злосторство и обид за геноцид врз српскиот народ за време на Холокаустот, е прикажано во емотивниот, но и брутален филм на Петер Антонијевиќ, сега во трката за Оскар – „Дара од Јасеновац“.

Како и неодамнешниот филм „Насликана птица“ од ерата на Втора светска војна и познатата роман адаптација „Момчето во ризови пижами“, Дара ни овозможува да го видиме ужасот на српското истребување низ очите на детето. Актерката Билјана Чекиќ која ја игра улогата на 10-годишното девојче Дара одлично се вклопува во приказната и нејзината актерска игра е обоена со мудрост и разбирање на траумата, далеку позрело од нејзините години. Додека семејството и пријателите пропаѓаат околу неа, и додека таа е принудена да гледа брутални убиства предизвикани од „циклон б“ гас,  премногу брзо ја гледаме нејзината зрелост додека се бори да се заштити самата и нејзиниот помал брат.

Дара мора да направи избори што никој возрасен, а уште помалку едно дете не треба да ги прави – дури и во нивните најмрачни кошмари. Ако има некоја млада актерка која треба будно да се следи додека игра нови улоги и зрее уште повеќе во својата актерска моќ, тоа е дефинитивно Цекиќ. 

На целото веќе отуѓено семејство на Дара им помагаат различни луѓе – од Срби, до Евреи, до мајки на други деца, се до тогашниот Црвен крст –  потполни странци кои во еден момент се однесуваат како да се семејство – но по цена на сопствените животи. Ова не се само човечки тела кои предизвикуваат шок и стравопочит кај гледачите, бидејќи во многу филмови за војна и геноцид споредните ликови се прикажани на тој начин. Ова се човечки суштества што ги гледаме и слушаме, без разлика колку кратко, кои имаат надеж, страв и живот. Тие играат важна улога, а нивната несебичност го создава патот на Дара пат кој ја води кон преземање на својот живот и на животот на нејзиното мало братче во свои раце, притоа влевајќи надеж и волја на нејзиниот татко.

Наместо ограден во гулаг со бодликава жица, логорите во Јасеновац беа делумно изградени во постојните градски структури. Тие ги спојуваат „конвенционалниот“ аграрен труд и животот со некогашните прекрасни течни реки, кои за време на Јасеновац биле преполнети со телата на жртвите.

Овој филм овозможува непријатно и морничаво прикажување на тоа како дури и најидиличниот изглед на аграрните заедници со зачудувачки природна убавина што ги опкружува сè уште може да се изврти и да се користи како шуплива позадина, тенок фурнир за одвратната суровост која луѓето се способни да ја прикажат еден кон друг.

Дара од Јасеновац е потресен, вознемирувачки и длабоко потребен филм за луѓето заборавени во нашите дискусии за војната и човечкото злосторство. Ако вистината може да дојде од устата и очите на најмалите, Дара ни ја соопшти потребната вистина – ако воопшто сме подготвени да обрнеме внимание.

Source 812 Film Reviews