Интервју со писателката Даниел Еванс за комплексноста на одвојувањето на фактот од фикцијата

Авторката на „Канцеларијата за историски корекции“ дискутира за уништувањето на архетипите и одгатнувањето на променливата природа на перцепцијата.

Цитатот на Лусил Клифтон што ја отвора новата збирка раскази на Даниел Еванс – „Ова минато веќе ме чекаше кога пристигнав“ – ветува еден свет во кој ликовите се оптоварени со товари што им претходат. Справувањето со минатото и со проблемите надвор од опсегот на нивните животи ги обликува протагонистите – и честопати ги поттикнува да се спротивстават на тоа наследство. Ликовите на Еванс се борат со тага и загуба, но секогаш ја чуваат „присебноста во криза што доаѓа од тоа да биде во засилена состојба на паника цело време“, изјави Еванс за Elle. Тие „знаат колку скапо чини да не бидете „прибрана“ во јавноста ако сте црна жена, и затоа се претпазливи“.

Насловот и на книгата и на новелата сместена во неа, The Office for Historical Corrections (Канцеларијата за историски корекции), е прекар за смислена агенција наречена Институт за јавна историја. Опишанa е како „национална мрежа на проверувачи на факти и историчари, пријателска, граѓанска армија посветена на тоа да ја направи вистината толку достапна и привлечна што не би можела да се игнорира…Ние бевме решението за децении на лошо информирање и лош начин на справување со тие информации“. Според Еванс, ова „гестикулира кон неуредноста, а на моменти и невозможноста на оваа задача да го исправи веќе направеното“.

Нејзината прва збирка раскази,  Before You Suffocate Your Own Fool Self  беше објавена во 2011 година и доби огромно признание, а оттогаш таа беше пофалена од Роксан Геј како „лукава и интуитивна“.

Во оваа книга се вклучени неколку раскази и една новела. Како се доаѓа до една збирка на раскази, според вас?

Сакам збирки на раскази затоа што има шанса да видам како може една писателка да го постави истото прашање и да даде различни одговори или пак да ги образложи своите опсесии од различни перспективи. Идеално, сите приказни треба да споделуваат простор со некоја друга приказна, но исто така да имаат нешто што е само нивно. Новелата ја завршив последна и ја завршив откако напишав „Why Won’t Women Just Say What They Want”, расказот кој ми помогна да видам што всушност претставува центар на книгата. Сите приказни го обиколуваат тоа историско прашање, или некој вид на извинување или исправка, без оглед дали е погрешно или е едноставно off the record. Расказите „разговараат“ меѓусебно, но изгледа како некои од нив можеби да им викаат на другите.

Раскзот „Why Won’t Women Just Say What They Want” полесно се чита од другите како да е двосмислена парабола. Во овој расказ, ароганцијата на машкото его е совршено изразена: „Тој се ослонуваше на можноста на помилување…Никогаш не очекуваше дека некој ќе биде толку невнимателен со него како што тој беше со другите луѓе“. Можете ли да го образложите објаснувањето за ваков вид на мажественост?

Дел од она што сакав да направам со тој расказ беше да создадам притисок врз она што изгледа како клише наратив за извинување. Обично, тие наративи го ставаат во фокус лицето кое се извинува и прашуваат: Дали извинувањето е искрено? Дали е сега тој поинаква личност? Се надевам дека во формата на расказот, како што уметникот се повлекува од центарот, жените се појавуваат помалку како архетип и повеќе како индивидуални ликови, обележани со нивните интеракции со ликот на начини што ги менувале и обликувале, без оглед дали веруваме или не дали на него навистина му е жал или не. Тоа не е толку feel-good фантазија за одмаздувањето, колку што всушност е шанса да прашаме што се случува ако замислиме дека овој вид на човек не е, неизбежно, главниот јунак на – не само својот, туку и животот на сите други.

Како знаете кога наративот одговара за да биде компактен расказ наспроти поопширна новела?

Додека работев на новелата, знаев дека и припаѓа на оваа книга и е на некој начин тематското сидро на оваа книга, така што не бев загрижена колку долго траеше на кој било практичен начин – не треба да биде доволно краток за списание или доволно долг за да биде роман сам по себе. Му дадов простор колку што сметав дека му е потребен. Знаев дека на новелата и требаше повеќе простор од другите, делумно поради тоа што требаше да создадам комплетно нов свет, а делумно затоа што додека се развиваше наративниот глас, знаев дека мора да има бавен развој и скоро noir feel – дека не станува збор за наратор кој би успеал, или пак воопшто би можел веднаш да дојде до поентата. Одмотувањето и разоткривањето беа исто така дел од приказната.

Photo credit: danielleevans.com

Овие приказни кумулативно патуваат низ различни региони на САД. Како оваа локализација го гаи емоционалниот наратив?

Сега имам тенденција да мислам на географијата на една приказна во однос на времето и сеќавањата. Имате град или обележје пред вас. Вие исто така имате спомени за тоа како било порано, или како мислевте дека ќе биде пред да го видите. Имате очекувања. Тоа одекнува исто како чувството да се биде во центарот на секое емоционално интензивно искуство – привлечено од сеќавањата или претходното разбирање, соочено со конкретната реалност на сегашноста, обидувајќи се да ја калибрира иднината. Сакам да размислувам каде да го внесам тоа ехо во самата приказна. Бидејќи многу од моите ликови имаат тенденција да останат во движење, има голема можност да се искористи просторот помеѓу тоа како се сетиле на некое место и како ќе се сретнат со него кога ќе го видат повторно.

Исто така, многу размислувам за физичкиот простор во смисла на нашето отелотворено искуство за истиот. Толку многу од она што се чувствува како да е наменето за неутрална информација – какви претпоставки се прават за опциите за транзитирање/разминување, кои обмисли се прават за безбедноста (и чија безбедност) – е всушност откривање на калибрациите што луѓето учат да ги прават врз основа на живеењето во светот во нивните посебни тела или идентитети.

Во расказот „Richard of York gave battle in vain“, овој пасус звучи многу моќно: „Целиот нејзин возрасен живот ја прашуваа Рена зошто оди на толку опасни места и таа секогаш сакаше да ги праша каде постои безбедно место. Опасноста тлее во хемикалиите и аеродромите и бегалските кампови и воените зони и региони познати по сексуалниот туризам. Опасноста понекогаш им го фрлаше ѓубрето во контејнер. Опасноста се појави навечер, додека гледаа филм и им купи апаратче за правење пуканки за Божиќ. Опасноста ја прегрна нејзината мајка и и подаде раката на нејзиниот татко“. Можете ли да зборувате за истражување на оваа посуптилна, кодирана опасност? Како го поврзувате ова?

Голем дел од тоа чувство на опасност е во структурата. Често има нешто кое се фиксира или демне во емоционалното јадро на приказната, а тековниот заговор е за сите работи што ги прави една личност за да ги игнорира или оттргнува од гравитацијата на она што навистина е важно. Значи, кога акцијата ќе паузира доволно долго за да ве потсети дека тагата или прогонувањето во сржта е сè уште тука, се надевам дека ќе ја почувствувате.

Јас мислам дека оваа книга произлезе од долготрајна вознемиреност, лична и национална, што беше некако само-потврдувачко. Кога ќе речеш, мајка ми е многу болна, луѓето сакаат да кажат, ќе биде добро. Кога велите, се плашам дека оваа земја се враќа кон бел врховистички фашизам, луѓето сакаат да кажат, вие претерувате. Со години се чувствував како да ми велат дека треба да се спротивставам на моите најкатастрофални импулси, за многу од нив да се покажат како правилни реакции. Тоа лично искуство на многу начини се чувствува како да е дел од колективно искуство – многумина од нас учат да му веруваат на својот вознемирен мозок повеќе отколку на некој што ни кажува да се смириме. Милениумско генерациско искуство, можеби, и секако искуство на многу генерации на Црни Американци, и исто така искуство поврзано со начинот на кој жените често се учат да се движат низ светот, искуство коешто излезе во прв план со разговорот #MeToo. Има нешто во врска со живеењето низ последната деценија што ги обликуваше структурата и тонот на оваа книга.

Повторно, пред неколку години бев со група писатели и некој праша кои филмови опсесивно ги гледавме како деца. Реков дека гледав How to Raise a Street Smart Child – инструктивно видео од 80-тите, наменето да ги научи родителите како да ги учат своите деца да избегнуваат киднапери и предатори – секој ден со месеци додека мајка ми рече дека мора да престанеме да го гледаме затоа што беше премногу вознемирувачки. Бев анксиозно дете, но најдов нешто утешително во тоа видео, бидејќи се чинеше дека потврдува дека светот е застрашувачки, но можете да научите да го совладате тоа, ако знаете како да го предвидите. Значи, можеби дел од вознемиреноста и чувството на заканувачка катастрофа сум само јас.

Низ приказните, многу од ликовите изразуваат замор од обидите за расна правда. Можете ли да зборувате за тоа како овој став се вклучува со сегашните разговори околу расната нееднаквост?

Една од повторуваните теми на разговорите оваа година е дека многу црнци се исцрпени. Тоа не значи дека луѓето не ја извршуваат работата или не сакаат да ја завршат работата, бидејќи кои други опции постојат? Но, тоа му нанесува штета на менталното и физичкото здравје на луѓето и способноста да бидат присутни за радоста исто како и борбата, и тој данок ни има одзедено многу голем број луѓе премногу рано, што само ги надополнува структурните нееднаквости за кои луѓето веќе жалат.

Голем дел од советите дадени во текот на летото беа да ги бирате своите битки, да избегнувате расправии со луѓе кои постапуваат лошо, да избегнете влечење во симболична работа за која ќе треба многу напор, но истата не би била поддржана од вистински ресурси. Значи, во конкретниот случај, ликот испушта некои посебни канали што се чини дека најверојатно нема да обезбедат вид на правда што го бараше нејзиното семејство. Но, тоа е исто така поширока приказна за разликата помеѓу зрелоста и полнолетството. Ликовите во различни приказни имаат различни пристапи кон она што е, во каква било инкарнација, исцрпувачкото барање да ја изведете својата хуманост пред често непријателската публика.

Во „The Office of Historical Corrections“, владин субјект чија цел е да ја направи вистината – „вистината“? – достапна за јавноста, испраќа група историчари за да ги ревидираат дезинформациите. Како писател, кои се вашите размислувања за потенцијалот на исправување на фактите од фикцијата, под сегашната администрација или можеби на некој друг начин?

Од една страна, мислам дека како културно поднебје, ова е неопходен проект, особено ако некогаш навистина сакаме да сметаме на расната неправда во оваа земја. Од друга страна, не знам дека некоја од нашите постојни институции е моментално опремена за вршење на ваква работа. Во светот опишан во расказот, агенцијата се обидува да исправи дезинформации, а во светот во кој појавува книгата, некои сегменти од американската влада се толку лути од обидот да се стави ропството во центарот на нашиот дискурс за тоа како оваа земја стана она што е, што тие го предлагаат она што звучи како страшна верзија на агенцијата во мојата книга, со цел да се осигураат дека сите ќе добиеме „патриотско“ образование. Значи, и во новелата и во вистинскиот живот тоа е измамнички потфат.

Source Elle