Поетесата Маја Ангелу, астронаутот Сали Рајд и 18 други жени ќе бидат прикажани на американските монети

Маја Ангелу и Сали Рајд се првите жени кои ќе се појават во новата серија монети во чест на 20 жени кои играле огромна улога во историјата на САД. Американската ковачница ќе започне да ги пушта во промет овие монети во 2021 и тие ќе продолжат во оптек до 2025 година.

Маја Ангелу, една од најпроминентните американски поетеси, е запаметена по нејзините книжевни дела и активизмот за граѓански права што зборува за културата на црнците во Америка. Во меѓувреме, астронаутот на НАСА, Сали Рид, е позната како првата Американка што била дел од мисија во вселената. Конгресменката Барбара Ли, која ја воведе програмата за редизајн, рече дека двете жени „го отворија патот за многумина што дојдоа по нив и ги инспирираа младите жени да го продолжат своето наследство… Драго ми е што се меѓу првите од многуте кои ќе бидат дел од оваа промена.“

Допрва треба да се именуваат другите жени што треба да бидат прикажани на парите, а граѓантие можат да ги номинираат оние кои сакаат да ги видат на монетите преку онлајн формулар кој беше составен од Националниот музеј за историја на жени. Ангелу и Рид ќе се појават на задниот дел од монетите, додека на предниот дел ќе биде новата илустрација на Џорџ Вашингтон.

Source L'O