Филм на Јасмила Жбаниќ номиниран за Оскар

Американската академија за филмска уметност и наука го објави официјалниот список на номинации за Оскар, во кој се наоѓа и „Quo Vadis, Aida? на Босанската режисерка Јасмила Жбаниќ.

Филмот беше номиниран во категоријата за „Најдобар странски филм“ и неговата приказна е за последните денови во енклавата заштитена од ООН и геноцидот во кој беа убиени повеќе од осум илјади мажи и момчиња. Веста за номинацијата Жбаниќ ја доби во Сараево, во здружението „Мајки на Сребреница“, за чии страдања сведочи филмот.

Главните улоги ги толкуваат Јасна Џуришиќ, Изудин Бајровиќ, Борис Лер и други. Филмот ја имаше својата светска премиера во натпреварувачката програма на Венецискиот филмски фестивал минатата есен. Оскарите ќе се одржат на 25 април 2021 година.