Во какви услови се школите и болниците – што да се стори за идните генерации

Со просечна старост од 57 години училиштата во државата 30 години останале запоставувени, нереновирани, со запуштени тоалети, училници и клупи, без разлика дали се во урбани или рурални средини. Од оваа пресметка изземени се шест училишта кои се изградени во периодот од 1857 до 1912 година

„25 минути “екслузивно ја објавува анализата на Министерството за образование која покажува дека 74 училишта не ги реновирале тоалетите повеќе од 15 години, 64 од 10 до 15 години, 82 училишта ставиле плочка во тоалетите од 5 до 10 години, а 141 ги реновирале во последните пет години. Анализата покажала дека и тие што се реновирани последни не се одржуваат соодветно, за што постојано се предупредувани.

Гости во 25 минути оваа недела се Мила Царовска, министерка за образование, Виолета Симјановска, професорка на Академија Сибелиус, Финска, Герман Филков, директор на Центар за граѓански комуникации, Венко Филипче, министер за здравство и Насер Зибери, народен правобранител.