Недела на гордоста: Поддршка за ЛГБТИ луѓето

Македонија ја слави Неделата на гордоста на ЛГБТИ заедницата, која исто така секоја година придонесува кон борбата за еднакви права, како и кон борбата против говорот на омраза, дискриминацијата и насилството со кои се справува ЛГБТИ заедницата во Македонија. Во ова издание на 25 минути, разговараме за препреките и тешкотиите низ кои ЛГБТИ луѓето наидуваат на дневна основа и за општествените промени кои се случија во последните неколку години во Македонија, но и во регионот на Западен Балкан.

Во најновото издание на 25 минути, разговаравме со 23 годишниот Предраг, трансродово лице кое ја раскажува својата приказна за процесот на својата трансформација. Останати гости се активистот Лазар Јотевски, Наташа Бошкова, адвокатка и правна советничка во Коалиција „Маргини“, Кочо Андоновски, програмски директор на ЛГБТИ Центарот за поддршка, Славчо Димитров, Коалиција „Маргини“, Давид Тасевски, „Субверзивен Фронт“ и Јелисавета Благојевиќ, професорка на Факултетот за медиуми и комуникации, Белград, Србија.

Source 25 minuti