Отпуштања на работници: Време на злоупотреби

Кризата со пандемијата најмногу ја погоди текстилната индустрија, а сопствениците бараат форми на излез на разни начини и со откази на работниците.

Настрадаа и работниците во чевларската индустрија. Штипска Баргала отпушти околу 100 работнички зашто не дошле три дена на работа, а тие велат –чекале да бидат повикани. Нови отпуштања од работа се најавуваат од есен. Новиот делта сојот на КОВИД-19 тропа на врата, а со тоа можноста од затворање на земјите и пазарите. Вкупно 6783 лица од текстилната индустрија останале без работа минатата година , а  бројот на нови невработени се зголемил за 128 % 2020 во однос 2019 година. Најчесто, основ е истекот на определно работно време, а спогодбените престаноци се зголемиле за 124 %, покажува анализата на Здружението за истражување и анализи, ЗМАИ.

Според податците на ЗМАИ, вкупно 677 фирми од текстилната индустрија добиле 745 милиони денари, поддршка за исплата на плати од Владата. Тоа се 50% од сите фирми во индустријата. Скоро 300 000 денари се уште не се исплатени на работниците.

Гости во најновото издание на 25 минути се Кристина Ампова, Здружение „Гласен текстилец“, Маријана Перковска, „Текстилен кластер“. Миле Бошков, Бизнис конфедерација на работодавачи, Бранимир Јовановиќ, Виенски Институт за меѓународни економски студии и Фатмир Бесими, министер за финансии.

За да ги следите најновите изданија на 25 минути, кликнете тука.