Борба за Влае: Борба против градежната мафија

Профит наместо хумано и достоинствено живеење. Десетте активисти на групата „Борба за Влае“ ги информираа граѓаните на населбата за деталниот урбанистички план. Според нив, градоначалникот Јакимовски го спроведува планот насила и во корист на поединци а на штета на илјадници граѓани кои ќе останат без елементарни услови за живот.

Како пример ја посочуваат дванаесет катната зграда која треба да никне веднаш до паркот „Делфина“ каде тие делеа анкетни листови на граѓаните за да може да се оспори деталниот урбанистички план.

Активистите велат дека секојдневно се соочуваат со притисоци. Граѓаните тврдат дека локалната администрација на секој начин се обидува да гo оневозможи поднесувањето на забелешките.

Гости во 25 минути се Јована Стефановска и Јадранка Плетикоса, активистки од движењето Борба за Влае.

25 минутиМакедонски Новости