Пензионерите од неколку здруженија се кренаа против злоупотреби, манипулации – и финансиски и изборни. Државниот ревизор со нов извештај за Пензискиот фонд кој го вклучи алармот – недостигаат пари за пензиите.
По емисијата 25 Минути објавена на 6 март годинава, која се однесуваше на одржани нетранспарентни избори во пензионерското здружение во Бутел, како и прашања за финансиски нерегуларности, се вклучи црвен аларм.
Следеа уште неколку реакции од пензионери за состојбите во други здруженија, а неделава, значителен број пензионери од Скопје и внатрешноста, излегоа на протест пред канцелариите на Станка Трајкова, претседателка на Сојузот на здруженија на пензионери.
Гости во 25 минути се пензионери од општините Кисела Вода и Ѓорче Петров, Добринка Весковска, помошничка на главниот ревизор во Државен завод за ревизија, Тони Гламчевски, дописник за Македонско радио од Нанс, Франција.