Илјадници луѓе, меѓу кои и голем број на дипломати, мирно маршираа низ украинската престолнина на годишната ЛГБТИ парада на гордоста, која истиот ден поттикна и помал контрапротест.
Учесниците носеа знаме во боја на виножито што го симболизира ЛГБТИ движењето, украински знамиња, како и знаци со кои се повикуваат на еднакви права додека шетаа низ центарот на Киев.
Околу 7.000 луѓе беа дел од демонстрациите на 19 септември, за разлика од последниот ЛГБТИ протест во 2019 година, во кој учествуваа повеќе од 8.000 лица.
ЛГБТИ Парадата на гордоста која започна пред една деценија, беше откажана минатата година поради пандемијата на коронавирус.
На протестот во кој беа присутни и дипломатски претставници од амбасадите на САД и Велика Британија, имаше зголемено полициско присуство, за разлика од претходниот протест во 2019 година.
Истиот ден беше одржан и анти-ЛГБТИ протест кој го организираа верски групи и националисти. Според РСЕ, околу 700 луѓе биле присутни на анги-ЛГБТИ протестот.
„Го поздравуваме спроведувањето на Законот за обезбедување на безбедноста на учесниците“, објави Амбасадата на САД во Киев на Твитер.
Хомофобијата е широко распространета во Украина, покажува истражувањето на социолошката група „Рејтинг“ објавено во август, во кое се вели дека 47% од испитаниците имаат негативно мислење за ЛГБТИ заедницата.
Киев ја зголеми поддршката за ЛГБТИ правата откако лидерите поддржани од Западот дојдоа на власт во 2014 година.
Парламентот во 2015 година донесе Закон за забрана на дискриминација на работното место, но сепак, со новиот Закон не се дозволуваат истополовите бракови или посвојувањето на деца од страна на истополови партнери.