На кој начин се разви концептот за ФЕМзин? Која беше вашата најголема мотивација пред започнување на оваа месечна дигитална публикација?
ФЕМзин произлезе од Дигиталната феминистичка школа организирана од страна на Центарот за женски студии во Белград. Концептот на ФЕМзин е таков што на темите од областа на феминистичките тоерии и пракси им се пристапува низ различни жанрови и форми, со цел да се пренесат различните гласови кога станува збор за родовите искуства.
Исто така, мотивацијата за започнување на ФЕМзин се движеше во повеќе разлнични, но подеднакво важни правци. На интерно ниво, оваа публикација претставува простор во кој студентите имаат можност да истражуваат, да ги применат, но и оформат своите познавања и интереси од облста на феминизнот, и да добијат поддршка од предавачите и соработниците на Центарот. Публикацијата претставува резултат на заедничкиот труд што значи дека студентите меѓусебно ги разменуваа нивните идеи, интереси, коментари, искуства и сугестии за време на целот процес на креирање на содржината.
На кој начин надворешни авторки од балканските земји можат да допринесат кон ФЕМзин со свои оригинални текстови?
Поради нејзиниот онлајн формат, Дигиталната феминистичка школа е со регионален карактер, а нашите студенти доаѓаат од различни југословенски простори. Од таа причина, иако програмата е организирана од Центарот за женски студии во Белград, ФЕМзин не вклучува теми кои се поврзани само со едно подрачје. Студентите осмислуваат и истражуваат теми од локално до меѓународно значење, а преку овој процес на истражување (и со наша поддршка) вклучуваат и низа авторки и активистки од овие простори и од различни генерации- преку инспирација, референцирање или интервјуа. Првите три броеви се напишани од нашите студенти, а во наредните години, како што публикацијата ќе станува поголема, има перспектива да биде отворена и за соработници од надвор, како и да се остави простор за различни видови на соработка.
Првата публикација е посветена на работничките права на жената, а наредната е посветена на образованието. На кој начин одлучувате која ќе биде месечната тема? Дали самата тема е поврзана со актуелните настани во регионот?
Темите за работните односи и образованието (кои се дел од првите два броја на ФЕМзин) и темата за родово насилство (тема на третиот број) се теми кои се обработуваат за време на образовната програма на Дигиталната феминистичка школа. Поради оваа причина, студентите пред да започнат со истражување и создавање на содржини за ФЕМзин, веќе имаат доволно знаење и информации од самата програма. Предавањата кои ги посетувале можат да им дадат насоки за темата која ги интересира и би сакале да ја истражуваат во различни правци, за да осознаат некои други аспекти. Меѓутоа, она што спонтано се случува во овој процес е тоа дека студентите бираат теми кои се актуелни и важни за регионот, и преку нивното знаење и искуства за време на процесот на истражување имаат значајно влијание врз борбата против различните видови на нееднаквост во различните држави. И што е најважно, често пишуваат за теми чии аспекти не се доволно обработени во феминистичките заедници, а уште помалку во пошироката јавност.
Патријархалните вредности сè уште се длабоко вкоренети во Македонија, а и на Балканот. Без сомневање, истите највеќе ги погодуваат маргинилизираните групи. Дали мислите дека ФЕМзин ќе успее да ги изнесе на виделина проблемите со кои се соочуваат жените во земјите на Балканот?
ФЕМзин преку својот концепт, содржина и формат е замислен како публикација која ќе ги вклучува заедниците и ќе ја опфати борбата против нееднаквостите на нашите простори, па и подалеку. Публикацијата е наменета за сите кои можат на читаат на нашите јазици. Тешко е да се одреди до кој степен ФЕМзин би успеал успешно да ги извади на виделина проблемите со кои се соочуваат жените на Балканот, но точно поради тоа што се собрани голем број на авторки од различни земји, со што се покрива целиот дијапазон на проблеми со кои се соочуваат жените и девојчињата, и поради тоа што е резултат на заедничкиот креативен труд на голема група на жени, веруваме дека со поддршка од страна на други поединци публикацијата ќе стигне до голем број на жени и ќе влијае инспиративно врз развојот на борбата и феминистичката мисла.
Како главни уреднички на ФЕМзин, дали сметате дека балканското општество станува поотворено, поинклузивно и послободно да зборува за прашања кои влијаат врз жените и другите маргинализирани родови групи?
Тука е важно да напоменеме дека тоа што нашето општество е „балканско“ не значи дека мора да биде затворено и без слобода. Современите економски структури, политичките системи и одредени културни обрасци кои го обликуваат на локално ниво (а кои се недвосмислено поврзани и со глобалните случувања) придонесуваат за подобрување на положбата и искуствата на жените и ЛГБТИ+ лицата кои се исклучени од различни сфери на секојдневниот живот.
Добар пример за ова е и првиот број на ФЕМзин во кој авторките во повеќе текстови покажаа како неолибералниот капитализам – современите капиталистички институции и елитата- произведуваат структурни услови за неповолната позиција на жените во работните односи, кој ја овозможува и праксата на различни видови н насилство. Отворено да се зборува на теми кои ги засегаат жените и другите маргинализирани групи е само еден чекор. Затоа, веруваме дека со постојано барање на можности за здружување, самоорганизација и заедничка борба против системот кој произведува нееднаквост, може да се влијае на отвореност, инклузивност и слобода на балканското општество.