Кира Најтли ја отфрла можноста да снима интимни сцени кои се режирани од мажи

Кира Најтли изјави дека нема да се појавува во интимни сцени во филмови кои се режирани од страна на машки режисер.

Говорејќи на подкастот „Chanel Connects,“ актерката рече: „Немам апсолутна забрана за снимање голи сцени, но истовремено имам доколку работам со мажи.“

„Тоа е делумно суета, а исто така е и поради машкиот поглед,“ објасни 35-годишната актерка.

Темата за тоа како се третираат актерите додека снимаат сексуални сцени е ставена во центарот на вниманието во последниве години, особено по движењето MeToo.

Голем број на филмски студија сега ангажираат координатори за интимност да ги надгледуваат сцените и да се осигураат дека актерите се чувствуваат пријатно и дека се третирани со почит за време на снимањето.

Најтли претходно откри дека има додадено „клаузула за голотија“ на нејзините филмски договори откако стана мајка во 2015 година.

„Машкиот поглед“

За време на интервјуто, Најтли исто така рече дека има цврст став дека би сакала да работи со жена режисер ако филмот се фокусира на женските животни искуства.

„Ако правам филм што се фокусира на мајчинството и прифаќање на телото, се чувствувам дека, жал ми е, но тоа ќе треба да биде со жена-режисер,“ рече таа.

„Ако станува збор за мајчинство, за тоа колку е извонредно тоа тело, за тоа како одеднаш го гледате ова тело што го знаете и е ваше сопствено, кое сега се гледа на еден сосема поинаков начин и се менува на начини кои се неразбирливи за тебе пред да станеш мајка, тогаш да, јас целосно би сакала да го истражам тоа со жена што би го разбрала истото.“

„Но, се чувствувам многу непријатно сега кога се обидувам да го прикажам машкиот поглед.“

Најтли рече дека ја цени потребата одредени филмови да содржат голи сцени.

Актерката рече: „Не сакам тоа да бидат оние ужасни секс сцени каде сите изгледаат совршено и само воздивнуваат. Не сум заинтересирана да го правам тоа.

„Велејќи го ова, исто има моменти кога велам, „ Да, јас целосно гледам како оваа сцена би била навистина соодветна за овој филм и во основа ви треба само некој да изгледа привлечно, па затоа можете да користите некој друг.“

„Бидејќи сум суетна, а моето телото веќе помина низ процесот на раѓање на две деца, не би сакала да  стојам гола пред група мажи.“

Најтли глумеше во филмови меѓу кои „Bend It Like Beckham“, „Atonement“ и „Pirates of the Caribbean “. Минатата година се појави во „Misbehaviour,“ комедија-драма за движењето за ослободување на жените во Лондон во 1970-тите.

Актерката претходно изјави дека и забранила на нејзината ќерка да гледа филмови на Дизни+ кои што ги прикажувале жените на начини на кои она не се согласува.

 

 

bbcCinemakeira knightleyUKкултураМакедонски Новостимизогинијафилмска индустрија