Вчера се одржа протест пред Министерството за финансии по повод денот 28 мај, Денот на менструалната хигиена, од страна на здружени активистки и активисти-претставници на регионалната Мрежа за родово-одговорно буџетирање, Платформата за родова еднаквост и PERIOD Movement Skopje.
Целта на протестот е да се подигне свеста кај граѓаните дека менструалната хигиена не треба да претставува привилегија и поради тоа мора да се стави крај на менструалната и женската сиромаштија, со цел да се олесни достапноста и пристапноста до производи за менструална хигиена.
“Бараме намалување на данокот на додадена вредност од 18 % на 5 % на производите за менструација со цел намалување на продажната цена на овие производи; Бараме поттикнување на употребата на менструални чашки преку субвенционирање на цената; Бараме одвојување средства од буџетот за создавање на соодветни услови за одржување менструална хигиена во тоалетите на училиштата и јавните тоалети; Бараме бесплатни и достапни прозводи за менструација во основните и средните училишта и во јавните тоалети на територија на Република Северна Македонија, на товар на Буџетот на државата.“