Првата жена премиер на Естонија вети дека ќе спроведе промени во стилот и во суштината нa управувањето со балтичката нација, oткако таа ја презеде функцијата по две години во кои една крајно десничарска партија беше во владејачката коалиција.
Каја Калас, 43 годишна адвокатка и претседателка на партијата Reform party во Естонија, положи заклетва во вторникот.
„Мојата влада ќе биде многу проевропска, особено во поддршката на европските вредности како што е владеењето на правото,“ рече таа во едно интервју. „Исто така, ќе имаме многу јасна промена во политиките кога станува збор за прашања како што е политиката поврзана со климатските прашања.“
Новата коалициска влада вети дека ќе развие планови за запирање на производството на моќност на нафтени шкрилци во земјата до 2035 година и постигнување неутралност на јаглерод до 2050 година.
Претходната коалиција се распадна по корупцискиот скандал на партијата Centre party на Јури Ратас, кој поднесе оставка на функцијата премиер. Тој предизвика контроверзии по изборите пред две години, влегувајќи во коалиција со крајната десница ЕКРЕ, чии членови се спротивставуваа на било каква имиграција, честопати беа евроскептични и од време на време ја пофалија нацистичката економска политика.
Водечка политика на ЕКРЕ беше одржување референдум за тоа дали во естонскиот устав експлицитно да се дефинира бракот како заедница помеѓу маж и жена, што тие го бараа како услов за влез во владата и кој требаше да се одржи подоцна оваа година. Со излегувањето на ЕКРЕ од владата, референдумот сега нема да се одржи.
Естонија пред шест години усвои закон со кој се дозволува граѓанско партнерство за истополови парови, но многу од одредбите сè уште не се на сила. Калас рече дека сака да забележи напредок во врска со тоа, но додаде дека нејзината влада нема да се залага за истополови бракови.
„Нема да ја отвориме дефиницијата за брак со цел да ја намалиме поделбата во општеството, но ќе се обидеме да продолжиме со доделување на целосни права на граѓанско партнерство, па на крајот ќе ја постигнеме истата цел: сите луѓе да имаат исти права,“ рече таа.
Политичарите на ЕКРЕ станаа познати по скандалозните испади во текот на изминатите две години, па претседателката Керсти Каjулаид дури и го свика советот за безбедност на земјата поради стравот дека политичарите на ЕКРЕ ги загрозуваат односите со сојузниците. Таа ја обвини владата на Ратас дека е „закана за националната безбедност и уставниот поредок.“ Лидерот на ЕКРЕ, Март Хелме, кој беше министер за внатрешни работи до крајот на минатата година, го нарече Џо Бајден „корумпиран“, а 35-годишната финска премиерка Сана Марин како „продавачка“.
Сега, Естонија станува една од ретките земји во светот каде што и премиерот и претседателот на државата се жени. Калас, која е ќерка на поранешниот премиер Сиим Калас, исто така назначи жени министри во клучните министерства за финансии и за надворешни работи во кабинетот. „Сите ме прашуваат за нивниот род, не станува збор за нивниот род, туку за тоа дека се навистина компетентни луѓе,“ рече таа.
Centre party останува во коалицијата, споделувајќи министерски места со партијата на Калас Reform party и покрај корупцискиот скандал.
Калас рече дека има малку што може да се стори за да се добие поддршката од гласачите на ЕКРЕ, со тоа што партијата ниту освои нови подржувачи ниту изгуби симпатизери за време на владеењето, туку остане на околу 15% од поддршката.
„Тоа е како религија. Не се заснова на политиките, но нивните приврзаници веруваат во нив и ништо нема да ги натера да одлучат поинаку,“ рече таа, повикувајќи се на анкети кои покажаа дека гласачите на ЕКРЕ имаат најмалку веројатност да бидат засегнати од новите политики како би гласале за други партии.
Таа, сепак, рече дека нема време за критиките упатени од политичарите на ЕКРЕ за новиот правец на владата. „Тоа е како, не можете ли да го имате овој монолог пред огледало? Вие бевте во владата две години… и не направивте ништо за местата и луѓето подалеку од Талин.“
Првиот голем предизвик за новата влада ќе биде справување со пандемијата на коронавирусите. Бавната брзина на набавка и дистрибуција на вакцини во ЕУ, како и одлуката на соседна Финска да ги затвори своите граници за Естонците, ги тестираат сентименталноста на еврофилите, но Калас рече, иако ситуацијата со вакцините е фрустрирачка, сепак е подобро отколку секоја земја да се грижи само за себе .
„Без заеднички пристап…мала земја на која не и требаат толку многу вакцини, не може навистина да влезе во каков било договор што фармацевтските компании го имаат со голема земја; може да побараме само од други земји да купат и за нас, “ рече таа. Штом вакцините пристигнат во поголеми количини од моментално достапните, голем дел од 1,3 милиони жители на Естонија ќе можат брзо да се вакцинираат, рече таа.