Во септември, британската влада го направи задолжително учењето за принудената контрола во училиштата. Разликата помеѓу здрава и насилна врска не е секогаш очигледна – особено кога трајното влијание не е видливо како модринка – но може да биде исто толку штетно.
Кога Сара* имала скоро 16 години, започнала да се зближува со момче од нејзината генерација, наречено Зак*.
Откако разговараше со него неколку недели, тој ја покани да одат на свирка. На почетокот беше нервозна затоа што не беше навикната сама да излегува – па праша дали можат да дојдат и нејзините пријатели.
„Сакам да бидеме само ние, сами“ се сеќава на неговите зборови. „Ова е можност- сега или никогаш да бидеме заедно.“
На Сара навистина и се допаѓаше Зак и кога тој постојано ја повикуваше да прават работи, двајцата на само, таа знаеше дека тој се чувствува исто. Па така, и покрај тоа што се плашеше да оди сама ноќе, таа излегуваше да помине време со него. Неколку месеци подоцна тие официјално беа пар. Пред една забава на која одеа, Сара пробуваше облека. „Тоа е малку промискуитетно,“ рече тој. Верувајќи му на мислењето на Зак, Сара се одлучи за поинаков фустан. Кога Сара ќе разговараше со други момци од нејзината генерација, Зак започна да зборува дека се обидува да го направи љубоморен. „Зошто инаку би разговарала со него? Таа беше сигурна дека станува збор за невин разговор, но можеби тој беше во право, ако го тера да се чувствува така, помисли таа. Зак потоа започна да експериментира со дрога. Сара му рече дека е загрижена за него. „Престани толку да ме контролираш.“
Секојпат кога ќе ја покренеше темата, Зак ја обвинуваше дека се обидува да го контролира. Една вечер таа гуглаше: „Дали сум јас личност што контролира?“ Колку повеќе време Сара поминуваше со Зак, толку помалку ги гледаше своите пријатели. Зак рече дека тоа е нормално на почетокот на нова врска. „Како и да е, не ги сакав твоите пријатели.“ На резултатите од државната матура Зак доби две 5ки и една 4ка, а Сара доби една 5ка и две 4ки. „Знаете, тоа беше очекувано.“ Сара беше примена на факулетот кој и беше и прв избор, додека Зак реши да преполага некои испити. „Не оди, зошто би сакала да ме оставиш тука?“ ме праша. Како што стануваше се поочаен за Сара да не оди на факултет, Зак ќе кажеше дека нема ни поента да оди. “Тоа е губење пари. Јас ќе ги носам парите во куѓата, не би можел да живеам со себе поинаку.“
Сара, која сега има 23 години, вели дека првите неколку години од нивната врска „не биле лоши.“ „Она што сакам да кажам е дека не беше толку лошо колку што во иднина стана.“
Што е принудена контрола?
Принудената контрола честопати не е еден настан во врската, туку е акумулација на зборови, однесувања и закани што ги понижуваат, изолираат и контролираат жртвите – оставајќи ги без слобода и многу малку од нивното јас. Жртвите опишуваат дека емоционална злоупотреба ја доживуваат како нивно чувство на самодоверба и автономија, сè додека единствената „нормалност“ што ја знаете е таа на злоставувчот.
Природата на принудената контрола значи дека можноста да се примети злоупотреба врз себе може да биде неверојатно тешко, а во некои случаи и скоро невозможно.
Па, како знаете кога приврзаноста и љубомората стануваат контролирачки и присилни? И кога станува тоа кривично дело? Ова се некои од прашањата што документарецот на BBC Three „Дали е ова присилна контрола?” се обидува да ги разјасни.
Во новиот документарец, група на млади луѓе дискутира и дебатира дали измислен случај кој не е поврзан со Сара и Зак, законски претставува случај на присилна контрола. Низ целата емисија се истакнуваат и растеруваат вообичаените стигми и митови околу емотивната злоупотреба. Дали би можеле да забележите присилна контрола пред да биде предоцна?
„Тој рече дека доколку сака може да ми го скрши вратот “
За да се подигне свеста за сите форми на злоупотреба, британската влада го направи „образованието за врски“ задолжително во училиштата – стапувајќи во сила во септември 2020 година. Наставната програма вклучува учење на учениците да идентификуваат финансиска, емоционална и физичка злоупотреба во тинејџерски и возрасни односи.
Сара вели дека би сакала да и било овозможено да има пристап до оваа наставна програма пред нејзината врска со Зак. За неа, „убава си“ наскоро прерасна во „имаш среќа што сум со тебе затоа што никој друг не би те посакал.“ Секое станување од кревете и облекување беше проследено со детално одобрување на облеката од Зак. „Тој навистина ме убеди дека не е во ред доколку не му покажам што ќе носам.“
И, гледајќи како нејзините пријатели станаа непостоечки, откако нејзиното момче тајно им испрати порака велејќи им: „Патем, Сара ве мрази и зборува за вас зад грб.“
Зак често велеше дека нема пари за храна или за живот, па Сара вели дека постојано му праќала големи суми пари. Но потоа, таа била казнета. „Го правиш тоа само за да се чувствувам лошо за себе,“ рече тој.
Додека беше на факултет, доколку сакаше да излезе навечер, Зак и рече дека не може да оди и повеќе пати и повторуваше дека ако го направи тоа „ќе биде силувана и дрогирана од странец“ и ќе му предизвика премногу загриженост и ненаспаност на Зак. Ако навистина излезеше, што беше ретко, ќе беше преплавена со пораки и јавувања во кои ја прашуваше каде е и што прави.
„Почнав да забележувам дека мојот живот на факултет е навистина ограничен ,“ се сеќава Сара.
“Се чувствував како да не можам да се занимавам со работи или да се дружам. Можев да приметам дека моите цимерки мислеа дека нашата врска е чудна , затоа што секогаш барав дозвола од него, но мислев дека тоа е нормално. Тој ме убеди дека е нормално. “
Пред Сара да го примети тоа, потиштувањата прераснаа во стравови за нејзината безбедност. Моментот на кој најмногу се сеќава е кога Зак дојде да ја посети на факултет. Таа плати за тој да дојде и да ја види и тие го поминаа денот заедно. Додека беа заедно, и рече: „Сега ако сакам би можел да ти го скршам вратот.“
Сара вели дека притисокот да стори како што и било кажано навлегло и во интимните делови од нивната врска, потсетувајќи се дека „тој многу зборуваше за тоа како гледа доста графичко и навредливо порно.“
„Нема да го сториш тоа во спалната соба, па затоа морам да го добијам на друго место,“ рече тој. Сара се плашеше за својот живот во повеќе од една прилика. Во неговиот бес Зак ќе фрлаше столови, ќе кршеше работи и ќе и се закануваше како тоа да е нормално исто како што е нормално да ја бакнува.
„Ако посегнав и го допрев за да се обидам да го смирам, тој ќе ме бутнеше на страна,“ вели Сара. “Не сакав повеќе да се среќавам со него. Бев исплашена од него.” Дури за време на нејзината трета година на факултет, кога истекуваа нејзините моменти на „слобода,“ Сара почувствува дека може да го остави Зак. Моментот за кој Сара вели дека се издвојува е кога нејзината цимерка ја седна и и рече дека е навистина загрижена дека нејзината контролирачка врска ќе и го уништи животот.
„Бев навистина несреќна а не го сфаќав тоа. Врската не треба да те тера да се сомневаш во себе секој ден. Често помислував: Дали го сакам ова до крајот на мојот живот?“
За жал, како и многу насилни врски – злоупотребата не престана кога врската престана.
*Имињата се променети поради заштита на идентитетот.
Рушка Бабиќ
Прочитајте ја целата сторија тука.