Јапонската министерка за зајакнување на правата жените и родова еднаквост, Тамајо Марукава, е меѓу групата конзервативни пратеници кои се спротивставија на законската промена што ќе им овозможи на жените да го задржат своето моминско презиме по бракот.
Јапонија е една од само неколку индустријализирани земји каде што е нелегално брачните парови да имаат различни презимиња. Граѓанскиот законик на земјата, воведен во 1896 година, предвидува брачните парови да имаат исто презиме и иако не предвидува кое презиме треба да го усвојат, во пракса жените го земаат презимето на својот сопруг во 96% од случаите.
Притисокот за промена на законот се градеше во последните неколку години. Во 2015 година, активистите за правата на жените добија удар кога Врховниот суд донесе одлука дека барањето за делење на исти презимиња не го крши уставот.
Марукава, која неодамна ја презеде функџијата за зајакнување на правата жените откако нејзинаа претходничка Сеико Хашимото беше назначена за шеф на организацискиот комитет на Олимписките игри во Токио 2020 година, рече дека нејзиното противење да им се дозволи на паровите да користат различни презимиња нема да влијае на нејзината посветеност кон правата на жените.
Марукава, кој двојно работи како министерка за Олимпијадата, беше меѓу 50-те членови на горниот и долниот дом на владејачката Либерално-Демократска Партија (ЛДП), кои им пишаа на своите колеги на префектурното собрание на Саитама, повикувајќи ги да се спротивстават на усвојување на писмено мислење со кое се фаворизира промена на политиката.
Писмените мислења донесени на локално ниво честопати се сметаат за начин на промовирање на дебата во парламентот.
Пресудата на Врховниот суд во 2015 година дојде четири години откако група жени започнаа правен предизвик барајќи оштета за емоционалната вознемиреност и непријатностите кои произлегле затоа што морале да го земат презимето на нивниот сопруг.
Конзервативните политичари и коментатори тврдат дека дозволувањето на паровите да имаат различни презимиња би било штетно на традиционалната семејна единица.
Законот го отсликува традиционалното гледиште дека браковите претставуваат унија помеѓу семејства, а не индивидуи. За време на ерата на Меиџи (1868-1912), кога беше воведен законот, вообичаено беше жената да го напушти своето семејство за да стане дел од семејството на нејзиниот сопруг.
Како и многу Јапонски жени, Марукава, која е омажена за пратеникот од ЛДП, Таку Оцука, продолжува да го користи своето моминско име на работа, а своето законско, презиме од бракот во официјалните документи.
Оваа недела таа потврди дека ја потпишала петицијата, но го опишала своето спротивставување на законската промена како „лично мислење“ што нема да влијае на нејзината работа како министерка.
„Мојата улога е да помогнам да се создаде средина каде што јавноста ќе може да ги продлабочи своите дискусии за ова прашање,“ рече таа во одговор на прашање од опозициски пратеник.
Премиерот Јошихиде Суга им понуди надеж на борците кога на крајот на минатата година им сугерираше дека е подржувач на идејата за систем што дозволува употреба на двојни презимиња.
Но, тој не го спомна тоа во неговиот прв главен говор, и неговата влада не се обврза на промена на законот кога ја одобри својата политика за унапредување на родовата еднаквост во декември минатата година. Тој пропуст дојде по жестокото противење на конзервативните пратеници.
„Нивната постапка го одразува вознемирувачкиот недостаток на свест за човековите права и претставува грубо анахронско размислување,“ рече либералниот весник „Асахи Шимбун“ во едиторијалот.
Комитетот на ООН за елиминација на дискриминацијата врз жените препорача ревизија на законот, велејќи дека тој ги дискриминира жените, додека според анкетите владата не е во чекор со јавното мислење.
Во истражувањето спроведено минатиот октомври, 70,6% од испитаниците изјавиле дека не им пречи ако брачните парови користат различни презимиња, а 14,4% ги поддржуваат тековните аранжмани.