Албанија покажува малку емпатија за истополовите врски

Сара, 26-годишна жена од Тирана, не сака да зборува за својот љубовен живот со пријателите и семејството, бидејќи тие не можат да ја разберат нејзината привлечност кон луѓе од истиот пол.

Како и другите балкански земји кои имаат за цел да станат членки на Европската унија, Албанија мора да покаже подготвеност да ги заштити човековите права, и во таа насока има донесено закони против дискриминација поради сексуалната ориентација.

Во главно патријархалното општество, сепак, оние кои се отворени во врска со нивната сексуална ориентација, честопати се осудувани од страна на семејството и пријателите.

„Секаков вид врска што не е крунисана со основање на семејство е тотално неприфатлива,“ изјави за Ројтерс Сара, која го даде само името за да го заштити својот идентитет.

Сара рече дека сонот на секоја ЛГБТИ личност е „да може отворено да излезе пред своите блиски пријатели или семејство.“Сепак, поради предрасуди, некои луѓе како неа се одлучија да останат скриени.

Истражувањето на организацијата Стреха, кое нуди засолниште на членовите на ЛГБТИ заедницата, покажа дека 80% од 200 ЛГБТИ испитаници размислувале да ја напуштат Албанија.

Во извештајот од 2021 година на организацијата ИЛГА за правата на хомосексуалците, кој обединува над 600 групи од 54 земји во Европа и Централна Азија, се вели дека дискриминацијата на ЛГБТИ популацијата во Албанија се зголемила од почетокот на пандемијата на КОВИД-19.

Друго истражување, спроведено од невладината организација Аленацеа во Абанија, открило дека секои двајца членови на ЛГБТИ заедницата доживеале психолошко насилство и малтретирање, секој петти бил сексуално малтретиран, а некои биле силувани, се вели во извештајот на ИЛГА. Само 7% ги пријавиле инцидентите кај властите.

„Друг проблем лежи во пристапот до здравствената заштита,“ изјави за Ројтерс Хени Карај, ЛГБТИ активист.

„Кога однесов трансродови лица во болница, лекарите рекоа зошто да не ги оставам овие луѓе да умрат.“

 

АлбанијаЛГБТИМакедонски Новости