Минаа речиси дваесет и две години од формирањето на првото бугарско здружение во државава – „Радко“. Ова здружение е именувано според псевдонимот на контроверзната историска личност Иван (Ванчо) Михајлов, и на јавноста ѝ е познато по две работи.
Првата е дека во јануари, 2009 година го доби судскиот спор против Македонија пред Судот за човекови права во Стразбур, а втората е дека „Радко“ низ годините им го отвори патот на новите бугарски здруженија „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“.
По тензиите кои се кренаа во јавностa околу отварањето на нови бугарски здруженија – „Цар Борис Трети“ во Охрид и културниот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола – државниот врв најави дека ќе врши редовен надзор врз законитоста на нивното работење, како и врз управувањето со нивните финансии.
25 Минути дознава дека здружението „Радко“ со години не поднесувало никаков финансиски отчет до Централниот регистар за годишните финансиски извештаи ниту пак за промените во составот на здружението.
Гости во 25 минути се Даница Џонова, в.д. директор на Бирото за застапување на РСМ пред судот во Стразбур, Гаврил Бубевски, претстедател на Основно јавно обвинителство – Скопје, Александар Кржаловски, политички аналитичар и Бранко Собан, новинар (Љубљана, Словенија).