Предлог-законот бр. 92 во септември оваа година е прв од ваков вид во светот, а неговата цел е да формира суд во Квебек специјализиран за злосторства кои вклучуваат жртви на семејно и сексуално насилство, изјави министерот за правда Сајмон Џолин-Барет во официјалното соопштение.
Целта на новиот закон е подобра поддршка на жртвите во сите фази од судењето и отстранување на пречките кои ги спречуваат да поднесат обвиненија.
„Испраќаме јасна порака до луѓето кои се жртви на сексуално и семејно насилство: ве слушаме“, изјави Џолин-Барет. “Сексуалното и семејното насилство немаат место во нашето општество и не сакаме жртвите во Квебек да се двоумат да пријават злосторства и да поднесат тужба.“
Формирањето на таков суд беше една од 190-те препораки дадени до владата на Квебек од страна на експертска комисија во декември минатата година, жртвите на сексуален напад и семејно насилство да се чувствуваат безбедно од моментот кога ќе бидат обвинети. Потребно е да се интегрираат достапните услуги за жртвите да не доживеат траума со постојано прераскажување на нападот, како што е случајот сега.
Жртвите ќе имаат пристап до психосоцијални и правни услуги прилагодени на нивните потреби, како и физички места кои се безбедни за нив. Дополнително, луѓето кои работат на случаи ќе имаат постојана обука што ќе им овозможи подобро да ја разберат и поддржат жртвата во текот на процесот на судење.
Спроведувањето на специјализираниот суд ќе се врши во форма на пилот проекти во минимум пет судски области, во траење до три години.