Време на корона – како влијае врз менталното здравје?

Долготрајната криза предизвикана од пандемијата со коронавирусот предизвика загриженост, страв, но и нарушување на психичкото здравје кај луѓето.  Мерките за заштита, носењето маски, изолацијата и социјалната дистанца од пријателите и роднините која трае цела година ги промени луѓето и нивниот начин на живот, така што осаменоста и фрустрациите во голема мера се одразија врз психичкото здравје. Стравот од вирусот, порастот на менталните проблеми кај ризичните групи, но и последиците кои ги предизвикува Ковид 19 укажуваат дека здравствените системи во наредниот период треба да се насочат кон зајакнување на психијатриската дејност.

Гости во 21-то издание на емисијата 25 минути се психијатрите Славица Арсова, Васка Митова и Стојан Бајрактаров, директор на Клиниката за психијатрија и новинарката Милица Богдановиќ од Подгорица која зборуваше за моменталната состојба во Црна Гора. Гледајте 25 минути, во недела, после вестите во 17 часот, на ТВ 24.

За да не следите онлајн:
Instagram
Facebook

 

25 минутиКовид-19Македонски Новости