Оваа година, лабуристичката сенаторка Ребека Мојнихан предложи Предлог-закон за ослободување на трошоците за производите за менструација во Ирска. Во предлог-законот за менструални производи (бесплатни средства) пишува дека влошките и тампоните мора да бидат слободно достапни во училиштата, центрите за образование и другите јавни институции и беше донесен само неколку месеци откако Шкотска воведе слично законодавство. Шкотска беше првата држава која донесе ваков закон.
Пред тоа, беше објавен извештајот за менструална сиромаштија во Ирска, испитувањето на преваленцата и социјалното влијание на менструалната сиромаштија низ целата земја.
Извештајот открива дека годишните трошоци на производи за менструација за едно лице се проценуваат на 96,72 евра, без да биде вклучена терапијата за болка при менструација за која е проценето дека едно лице троши минимум 121 евро годишно.
Надлежните институции во Ирска донесоа и клучни препораки за чие воведување се залага Владата, а во меѓувреме, беа направени повеќе истражувања за влијанието на менструалната сиромаштија врз најранливите групи во земјата, вклучително и бездомните лица и оние кои живеат со зависност од наркотици. Притоа, беше најавено продолжувањето на преговорите со ЕУ за намалување на ДДВ-то за производи како што се менструалните чашки.
И овој извештај и новиот Предлог-закон беа објавени само во текот на неколку недели и беа исполнети со огромни и широко распространети одговори, главно од жени кои не се во можност да плаќаат за производи кои се користат за време на менструалниот период, особено кога другите неопходни работи како тоалетна хартија се бесплатни во целиот јавен простор во Ирска.
Иако препораките од овој тип веќе беа споделени со јавноста (поранешниот министер за здравство Симон Харис вети бесплатна контрацепција за сите жени во 2018 година), се чини дека Ирска конечно стигнува до промени во домашното законодавство, со цел да се намали менструалната сиромаштија.
Извршниот директор на Plan International, Пол О’Брајан, изјави дека активистите кои со години водат кампања за реформите за менструалната сиромаштија во Ирска со нетрпение очекуваат реални и конкретни активности за решавање на ова прашање.
„Со тековните поднесени Предлог-закони, сега имаме можност да донесеме смело, прогресивно законодавство што ќе претставува вистински чекор кон родовата еднаквост во Ирска“, вели О’Брајан. „Секој воведен закон мора да биде доволно сеопфатен за да обезбеди пристап до избор на производи за менструација за сите лица на кои им се потребни.“
„Уверен сум дека сите вклучени во донесувањето на домашното законодавство за ставање крај на менструалната сиромаштија во Ирска ќе ја препознаат важноста да се обезбеди конечната законска рамка која ќе биде сеопфатна и инклузивна.
Додека менструалната сиромаштија може да изгледа како мал проблем кој ги засега само жените и девојчињата во земјите во развој, недостатокот на пристап до производи и празнините во образованието покажуваат дека проблемот постои и во поразвиените земји.
Според студија од 2018 година, половина од девојчињата на возраст меѓу 12 и 19 години признале дека немале доволни финанскиски средства да плаќаат производи за менструација во минатото, а најпогодени биле оние во семејства со ниски примања, центрите за социјална работа, жените мигранти и жените бездомници.
Дополнително, новото истражување на Plan International покажа дека 50% од девојчињата vo Ирска не добиле релевантни информации за менструалниот циклус од страна на образовните институции. Всушност, над 40% од девојчињата кои живеат во Ирска изјавиле дека не знаат што да прават кога ќе започне менструалниот циклус.