Освен во приватниот живот, дискриминацијата кон ЛГБТИ заедницата е присутна и во државните институции, а говорот на омраза деновиве бележи голем пораст додека политиката на неказнивост на нападите врз ЛГБТИ лицата станува новото лице на македонското општество.
25 Минути истражува кои се клучните инстутиции кои не функционираат во име на владење на правото и зошто наместо да се почитуваат основните човекови права, се штитат насилниците кои не одговараат за своите постапки.
Гости во 25 минути се Лила Милиќ, активистка за правата на трансродовите лица, Спасенка Андонова, обвинителка во Основно јавно обвинителство Скопје, родители на ЛГБТИ лице од Австралија – Мирјана Фотевска Елифтеријатис и Ѓорѓи Елифтеријатис, и Амарилдо Фецањи, ко-директор на ЕРА – Здружение за еднакви права на ЛГБТИ за Западен Балкан.