По некое непишано правило, алармот во Македонија за решавање проблеми се вклучува откако ќе се случи немил настан. Сериозен институционален осврт за проблемите со кои се соочуваат пациентите со ретките болести, се случи пред два месеци, по смртта на Благојче Илиевски, пациент кој речиси две години добиваше уверувања дека добие лек за цистична фиброза.
Два месеци подоцна, по серија активности, медиумски известувања и протести, лекот „Трикафта“ конечно го има во државата, но само за 12 пациенти.
Александар Мишковски, кому борбата со оваа ретка болест започнува на негови две години, пред камерата на „25 Минути“ раскажува каков е животот на оваа група пациенти.
Останати гости во „25 Минути“ се претседателот на Здружението на дијабетичари Димче Велев, и новинарката Светлана Јовановска од Брисел, Белгија.