Една година од постоењето на „Самоглас“ – првата аудио платформа за книги на македонски јазик

Една година од постоењето на македонската платформата за аудио книги „Самоглас“ која е достапна преку веб страната www.samoglas.mk, a од неодамна е достапна и во мобилна верзија. Оваа платформа веќе има соработувано со голем број на издавачки куќи, амбасади и невладини организации од регионот. Досега, имаат издадено повеќе од 50 дела достапни во аудио формат, а регистрирани се над 8000 корисници.

„Веќе една година ја развиваме и надополнуваме платформата „Самоглас“ и сме многу радосни што гледаме толкав позитивен одзив и изразена поддршка од сите што не следат и слушаат. Тоа не поттикнува да работиме уште повеќе и да ја развиваме нашата иницијатива во нови правци“, изјави Христијан Поп-Симонов, еден од основачите на „Самоглас“.

Досега имаат соработувано со издавачките куќи „Икона“, „Бегемот“, „Темплум“, „Антолог“, „Или-или“, „Полица“, „Феникс“ итн. Освен книжевни дела, „Самоглас“ имаат објавено и едукативни содржини за женските права и родовата еднаквост во соработка со Медуза, публикација за семејно насилство во соработка со Македонското здружените на млади правници, публикација за ментално здравје во соработка со асоцијацијата S.H.A.R.E. и сексуално здравје кај геј мажи во соработка со невладината организација HERA.

 

 

 

аудио платформакултуралитератураМакедонски Новостиплатформа за аудио книгисамоглас