Лажните вести во време на корона кризата се шират многу побрзо од останатите, дури и од самиот вирус. Креаторите на овие вести без разлика дали се некакви медиуми или поедници на социјалните мрежи свесно ја дезинформираат јавноста и во екстремно чувствителна ситуација создаваат страв и паника кај луѓето.
Гости во 25 минути со Биљана Секуловска и Менче Точи: Жанета Трајковска, директорка на Институт за комуникациски студии, Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ, Катерина Синадиновска, Совет за етика, Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис, Горан Михајловски, главен и одговорен уредник –СДК.МК, Марјан Забрчанец, Национален координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата и Рикардо Гутиерез, Генералниот секретар на Европската федерација на новинари.
17:45, недела, ТВ 24. За повеќе новости и информации: 25minuti.platform.mk