Познатиот музеј Лувр во Париз, по 228 години постоење, за првпат има жена на директорската позиција, пренесува Гардијан.
Лоренс де Карс (54), која претходно ги предводеше Музејот Orsay и Музејот Orangerie и им обезбеди рекорден број посетители во 2019 година, ќе ја преземе својата нова функција во септември 2021 година.
Де Карс изјави дека била искрено изненадена кога министерката за култура Розелин Бачелот и се јавила за да и ги соопшти вестите. „Тоа беше радосен и емотивен момент за мене. Никогаш нема да го заборавам тој повик“, рече таа.
Новата директорка на Лувр е позната по тоа што се залага за враќање на уметнички дела украдени од нацистите за време на Втората светска војна и по програмите наменети за помладата публика.
„Сакам да размислиме за она што го сметаме за „универзален музеј“. Тоа е етикета што му ја припишуваме на Лувр, но не е точна. Музеите треба да бидат универзални и тоа е она што ме интересира “, рече де Кар.
Според француското Министерство за култура, околу 67 проценти од националните музеи ги водат жени.