Политичари во САД кои биле против легализацијата на абортусот отсекогаш биле јасни во една работа: абортусот е убиство. Но, со години, оваа „логика“ не се спротивставува на нивната повремена отстапка дека забраните за абортус треба да направат исклучок кога се работи за силување. Се разбира, ако овие политичари искрено веруваа дека абортусот е убиство, тие воопшто не би дозволиле никаква отстапка. Наместо тоа, тие долго време го користеа исклучокот за силување за да имаат добитна комбинација во двете насоки, тврдејќи дека истовремено се грижат за жените, но и дека се „pro-life“, – две контрадикторни позиции што тие ги заземаат.
Оваа динамика почнува да се менува. Од објавената расправија помеѓу републиканските репрезентативки Марџори Тејлор Грин и Ненси Мејс минатиот декември околу тоа дали забраните за абортус воопшто треба да вклучуваат исклучоци кога се работи за силување, низа неодамнешни предложени и донесени државни забрани за абортус беа направени според ставовите на Тејлор Грин. Само претходно овој месец, државниот законодавен дом на Флорида гласаше да го отфрли додавањето на исклучок кога се работи за силување за 15-неделната забрана за абортус; Пратениците во Аризона и Западна Вирџинија на сличен начин одбија да додадат исклучоци за силување на нивните сопствени забрани од 15 недели. Правниот акт SB8 во Тексас го забранува абортусот без исклучоци за силување, а речиси десетина други државни законодавства пробуваат да го реплицираат.
Од почеток на 2022 година, републиканските државни законодавци пробуваат да ја наметнат оваа агенда со силна поддршка на мејнстрим републиканските законодавци – истите оние кои порано се обидуваа да играат на двата начина, но сега навидум се желни да бараат од преживеаните, доколку останат бремени, да бидат принудени да се породат, дури и во случај силување. Забраните за абортус секогаш го овозможуваа овој ужасен исход, дури и во ситуации кога е утврдено силување. Дури сега политичарите гласно го кажуваат она што беше премолчено со децении.
Сè помалку ограничувања на абортусот со исклучоци за силување, и намалувањето на републиканската поддршка за овие исклучоци, сигнализираат застрашувачка реалност: движењето против абортусот конечно доби доволно голем процент на политичка моќ за да донесе забрани за абортус речиси неселективно, дури и без претензија за компромис. Ова сериозно ќе им наштети на жртвите на силување.
Забраните за абортус без никакви исклучоци, односно и за лицата кои преживеале силување или инцест се неприфатливи од страна на поголемата јавност, а сепак, „вистинските верници“ кои инсистираат на тоа дека „абортусот е убиство“ не можат да признаат дека има ситуации во кои абортусот е морално прифатлив.
До неодамна, секој што се оградуваше од контрадикторните наративи дека е возможно да се поддржуваат жените жртви на насилство, а истовремено да се спротивставуваат на абортусот, беше одбиен: пред десет години, тогашниот кандидат за Сенатот на Мисури, Тод Акин, во суштина ја оцрни својата кампања тврдејќи дека не е потребно да се потенцира силувањет како исклучок поради кој би можело да се дозволи абортус, бидејќ испоред него „легитимното силување“ не може да доведе до бременост. Тогашниот кандидат на Републиканците од Индијана, Ричард Мурдок, на сличен начин ја уништи својата кандидатура за Сенат на сличен начин истата година, велејќи дека кога жената ќе забремени по силување, тоа значи дека било „во Божји раце“.
Имено, висок процент на сексуални напади не се пријавени во полиција, бидејќи некои исклучоци за силување од забраните за абортус (како новиот закон во Арканзас) налагаат да бидат пријавени. И според Туркос, овие исклучоци овозможиле „траумата на преживеаните да се сведе на обична борјка“.
Со одлучувачко мнозинство во државните законодавни тела и во Врховниот суд како последица на влошувањето на потиснувањето на гласачите, политичарите кои се против абортусот веќе не мораат ниту да ги користат изјавите на жртвите на насилство, или да се грижат дали ќе го вознемират мнозинството од населението. Додека анти-абортус движењето не го разоткрие докрај насилниот презир што отсекогаш го чувствуваше кон жените жртви на силување, нема да има позитивни промени за жртвите во блиска иднина.
Прочитај го целиот текст тука.