Пред три години, едно истражување покажа дека постои огромна родова нееднаквост помеѓу изведувачите, продуцентите и текстописците кои стојат зад хит-песните и откри дека застапеноста на жените е неверојатно мала.
Ова истражување ја изненади и музичката индустрија и доведе до ветувања за промена, како и залог од различни дискографски куќи и уметници да размислат за ангажирање повеќе жени во продуцентските студија.
Но, најновото издание на таа студија, објавено во почетокот на март од страна на Стејси Л. Смит од Annenberg Inclusion Initiative на Универзитетот во Јужна Калифорнија, откри дека бројките за застапеноста на жените во музиката главно не се подобриле, а на некој начин дури се влошиле.
Меѓу наодите од студијата, засновани на информациите за песните на топ 100 табелата на Билборд за секоја година од 2012 година, е дека минатата година жените претставувале 20,2 проценти од изведувачите на врвните песни во годината – помалку од 22,5 проценти во 2019 година, и нешто под деветгодишниот просек од 21,6 проценти.
Според 1.797 уметници кои стојат зад 900-те песни на тие топ листи – кои се всушност соло изведувачи, како и членови на бендови – според секоја студија имало 3,6 мажи на секоја жена, кои добиле средства од Spotify.
„Без одговорност и транспарентност, ветувањата не се доволни“, изјави Стејси Л. Смит. „Мора да се стави акцент на решавање на причините што жените немаат пристап и можност во индустријата“.
Додека славните жени како Тејлор Свифт, Бијонсе и Карди Б често доминираат во јавниот разговор за поп музиката, студијата на Аненберг открива, од година во година, жените играат помала улога во индустријата во целина. Тој диспаритет е особено јасен зад сцената, меѓу луѓето кои работат во музичките студија како текстописци или продуценти.
Минатата година, според студијата, 12,9 проценти од најзаслужните текстописци за најдобрите 100 хитови биле жени – малку над деветгодишниот просек од 12,6 проценти, но помалку од 14,4 проценти кои имале учество во креирањето на песните во 2019 година. Сепак, 57,3 проценти од песните немале жени писатели.
Најдобриот машки текстописец во тој период, Макс Мартин, учествуваше во креирањето на 44 музички дела. Најзастапената жена во музичката индустрија, Ники Минаж, учествуваше во 19 дела. Другите жени со најмногу заслуги за пишување на музички дела се Ријана (14), Свифт (14), Карди Б (13) и Аријана Гранде (12).
Само 2 проценти од продуцентите на првите 100 песни минатата година беа жени, што е помалку од 5 проценти претходната година. Жените од маргинализираните категории се скоро тотално исклучени во оваа категорија: Од 1.291 продуцент за најпопуларните песни во подгрупа од 600 песни од 2012 година, само девет од нив беа црни жени или жени со јужноамериканско потекло.
Самиот извештај јасно покажа дека немаше значително подобрување во скоро една деценија за жените кои се бават со музика на врвот на музичката индустрија. Табелите се далеку поразновидни кога станува збор за етничкото потекло на изведувачите. Минатата година, 59 проценти од уметниците што стојат зад првите 100 песни беа POC (people of color) – веројатно одраз на доминацијата на хип-хоп и начинот на кој стримингот ја водеше глобализацијата на топ листите. Овој сооднос генерално се искачувал и кај мажите и кај жените во текот на студијата Аненберг, иако трендот на пораст е поизразен кај мажите.