-Ако сакате вашите деца да бидат интелигентни, читајте им бајки. Ако сакате да бидат поинтелигентни, читајте им повеќе бајки – рекол Анштајн.
Интелигенцијата, се разбира, е лабав термин што опфаќа различни манифестации, но увидот што му се припишува на Ајнштајн се однесува на деветтиот тип интелигенција според психологот Хауард Гарднер – егзистенцијална интелигенција.
-Бајките – оние оригиналните на браќата Грим и Ханс Кристијан Андерсен кои ги слушав во текот на детството во Источна Европа, без цензура и американска “засладеност”, го афирмираат она што децата интуитивно знаат дека е вистинито, но постепено се учат да го заборават: дека ужасното и извонредното потекнуваат од истиот извор, и дека она што му дава убавина и магија на животот не е отсуството на терор и немир, туку благоста и елеганција со која се носиме со искушенијата и тешките мигови – пишува исклучителната полска поетеса и добитничка на Нобеловата награда, Вислава Шимборска, (2 јули 1923-февруари 1, 2012) во својата длавоко продуховена идеја за развојниот потенцијал на стравот во “Незадолжено четиво” – величествена прозна колекција од нејзините одговори и рецензии на книги, каде споделува размислувања за тоа што книгите прават за човечкиот дух и како космичката осаменост може да ја збогати нашата човечност.
Во тоа е и суштината на идејата на Толкин во поглед на психологијата на бајките.
Речиси еден век подоцна, во прераскажањето на Хансел и Гретел, Нил Гајман тврди дека “ако сте заштитени од мрачни работи тогаш немате заштита, знаење или разбирање за мрачните работи кога конечно ќе се појават (а што е апсолутно неизбежно во различни фази во животот м.з.)
Во есејот со наслов “Важноста од тоа да се биде исплашен” – рефлексија на првото издание на бајките на Ханс Кристијан Андерсен, кое претставува револуционја во раскажувањето сказни Зимборска пишува:
Децата сакаат да бидат исплашени од бајките. Тие имаат вродена потреба да искусат моќни емоции. Андерсен ги плашел децата, но сигурен сум дека ниту едно од нив немало негативни емоции кон него, дури ни откако пораснале. Неговите чудесни приказни изобилуваат во несомнено натприродни суштества, животни кои зборуваат и тешки предизвици. И, во таквото братство, не сите се безопасни и добро воспитани. Карактерот кој најчесто се појавува е Смртта, неумолива фигура која неочекувано се прикрадува во сржта на среќата и со себе го зема најдоброто, најомиленото. Андерсен ги сфатил децата сериозно. Тој им зборува не само за радосните авантури на животот, туку за проблемите, тагата, бедата, незаслужените несреќи. Неговите бајки, полни фантастични суштества, се пореални од тони денешни приказни за деца, кои се држат до веројатноста и од чудата бегаат како од чума. Андерсен имаше храброст да пишува приказни со тажни краеви. Не веруваше дека треба да се обидеш да бидеш добар, бидејќи се исплатува … туку затоа што злото произлегува од интелектуална и емоционална хендикепираност и е форма на беда што треба да се избегнува.
Превод:Лени Фрчкоска