Истражувањето предводено од Универзитетот во Окленд за прв пат на глобално ниво покажа дека морските животни ја менуваат својата местоположба далеку од екваторот, како директен одговор на климатските промени.
Како што е предвидено, поради климатското затоплување бројот на видови се намалил на екваторот и се зголемил во суптропските области, почнувајќи од 1950-тите.
Ова беше случај кај сите 48,661 видови, и кога тие беа поделени на оние кои живееја на морското дно (бентосник) и во отворена вода (пелагични), риби, мекотели и ракови.
Студијата покажа дека пелагичните видови се префрлиле полека на северната хемисфера во поголем број од бентосните видови. Недостатокот на слична промена во јужната хемисфера беше поради степенот на загревање на океанот кој беше поголем во северната хемисфера, за разлика од значително помалиот степен на загревање на океанските води во јужната хемисфера.
Претходно, тропските предели се сметаа за стабилни и имаа идеална температура за живот, бидејќи таму се појавуваа огромен број на видови. Сега, научниците откриваат дека тропските предели не се толку стабилни и стануваат многу топли за голем број на видови на морски животни.
Студијата беше дел од докторската дисертација на водечкиот автор Чаја Чаудхари на Универзитетот во Оукланд и се темели врз низа студии во истражувачка група која детално ги проучуваше податоците за одредени таксономски групи, вклучувајќи ракови, риби и црви.
Податоците се добиени од Информативниот систем за биолошка разновидност во Океаните, слободно достапна светска база на податоци на Интернет, чие основање го водеше универзитетскиот професор Марк Костело, како дел од Пописот на морскиот живот, глобална програма за откривање на морињата од 2000 до 2010 година. Евиденцијата за тоа кога и каде биле пријавени видовите биле сумирани во меридијанските ленти и бил користен статистички модел за да се земат предвид варијациите во земањето примероци.