Коронавирус: Што е анксиозност и како можам да добијам помош

Анксиозноста е еден од најчестите проблеми со менталното здравје со кој се соочуваат луѓето во Велика Британија.

Драматичните промени во целиот наш живот во текот на изминатите шест месеци го зголемија нивото на анксиозност, а новата студија сугерира дека родителите се особено загрижени за благосостојбата на своите деца. Па, какво е чувството на вознемиреност и како го надминете?

 

Што е вознемиреност?

Тоа е повеќе од само чувство на стрес или загриженост. Ова се природни реакции што сите ги чувствуваме во одредена фаза, и тие можат да бидат добра работа.

 

Но, постојаната вознемиреност се чувствува како страв што не исчезнува, и ако стане премногу интензивен, може да ви го превземе животот и да ве спречи да правите секојдневни работи. Анксиозноста прави да се чувствувате загрижени цело време, уморни и не можете да се концентрирате. Ова може да предизвика проблеми со спиењето и да ве остави  да се чувствувате депресивно. Честопати има симптоми кои влијаат и на телото, како што се забрзано чукање на срцето или дишење, треперење, потење, вртоглавица, дијареја и чувство дека сте болни. Анксиозноста може да има различни форми и да се движи од лесна до тешка. Еден од 10 луѓе ќе се соочат со проблеми на вознемиреност или фобија во одреден момент од својот живот – но многумина не бараат помош.

 

Каде да одам за помош?

Кралскиот колеџ за психијатри предлага прво да се испробаат техники за самопомош, како што се:

 

  • разговор со пријател или роднина
  • приклучување кон групи за самопомош или поддршка на Интернет
  • учење техники за релаксација

 

Активности како јога, вежбање, читање и слушање музика исто така можат да помогнат. Експертите велат дека е добра идеја да се намали конзумацијата на алкохол и да се запре пушењето за да се намали анксиозноста. Ако вашата вознемиреност опстојува, има многу книги за самопомош за најдобрите терапии, како што е когнитивната бихејвиорална терапија (КБТ), која исто така е достапна во здравствениот систем на Велика Британија. КБТ е терапија со зборување која им помага на луѓето да се справат со огромни проблеми со тоа што ќе ги поделат на помали делови. Погодна е и за деца со силна вознемиреност, а и самите родителите може да се научат како да ја прават. „Важно е да не страдате во тишина“, вели Ники Лидбетер, од Анкциозност Велика Британија. Таа препорачува да закажете преглед кај матичен лекар и да ги објасните вашите симптоми, но таа вели дека „една патека не одговара на сите“.

 

Дали се погодени и децата и младите?

 

„Некои се борат, a некои напредуваат поради немање притисок од училиште“, вели проф. Кети Кресвел, професор по развојна клиничка психологија на Универзитетот во Оксфорд. Нејзиното истражување спроведено врз деца и родители во текот на првиот месец на карантин открило зголемување на чувството на несреќа, вознемиреност и лошо расположение кај учениците од основните училишта. Но, родителите на деца од средна возраст пријавиле помалку емотивни проблеми, а самите тинејџери кажале дека нивното расположение и однесување не се промениле. Ова се рефлектира и во друго истражување на деца од 13 до 14 години, според кое тие биле помалку вознемирени за време на карантинот отколку што биле минатиот октомври, што укажува на огромна варијација кај деца од различна возраст. Здравствените установи во Велика Британија имаат пет совети за поддршка на деца и млади: Бидете таму за нив, редовно прашувајте ги како се чувствуваат, за да се навикнат да зборуваат за своите чувства, останете вклучени во нивниот живот, покажете интерес за него и за работите што им се важни, поддржувајте позитивни рутини, бидете позитивен пример и поддржувајте редовни рутини за заспивање, здрава исхрана и физичка активност, поттикнете ги нивните интереси. Да се ​​биде физички активен, креативен, да се учат нови работи и да се биде дел од тим, сето тоа е добро за менталното здравје. Сфатете го сериозно она коешто често се напоменува. Помогнете им да се чувствуваат ценети во она што го зборуваат и помогнете им да работат низ тешките емоции.

 

Кои се предизвикувачите?

Сè, од грижи за здравје и пари до промени на работа, училиште или врски, може да предизвика длабока анксиозност. За време на пандемијата, има многу потенцијални предизвикувачи на вознемиреност, како што се страв од вирусот, излегување на отворено, заразување други луѓе, носење маски и враќање во нормален живот, како и што носи иднината. Овие се именувани како коронанкциозност од добротворната организација Анкциозност Велика Британија, која доби огромен пораст на повиците на својата линија за помош, откако беа олабавени рестрикциите. Луѓето кои се јавуваат имаат тенденција да имаат посложени проблеми од вообичаените, а повиците траат подолго, велат од добротворната организација. Психијатрите предупредуваат дека карантинот и социјалното дистанцирање влијаат на рутината на луѓето и ги запираат да ги гледаат пријателите и семејството. Ова може да ја влоши секоја вознемиреност што веќе ја чувствувале. Исто така, постои загриженост дека луѓето не бараат помош за своето ментално здравје поради страв од вирусот, а тоа доведува до пораст на итни случаи. „Ако се чувствувате лошо, сѐ уште можете да добиете третман за време на пандемијата“, вели д-р Били Боланд, од Кралскиот колеџ за психијатри. “Ако се соочувате со проблеми со менталното здравје, контактирајте го вашиот матичен лекар или клучен работник, и продолжете да ги користите услугите за ментално здравје како и обично. Ако сте во криза со менталното здравје, контактирајте ја мрежната или телефонската служба на здравствените институции”.

 

Кој е најмногу изложен на ризик?

Анксиозноста е честа состојба и, во моментот, многу луѓе се чувствуваат анкциозни во врска со нивниот животот. Работите што се случиле во вашиот живот, какви било големи промени или трауматски настани, можат да ве направат склони кон анксиозност. Имањето проблем со менталното здравје може да направи да се чувствувате повознемирено, како и доколку имате некоја друга болест, но колку ќе чувствувате анкциозност, исто така, може да зависи од на гените што сте ги наследиле. Тинејџерите и младите честопати се чувствуваат вознемирено, а оние со посебни образовни потреби или од семејства со ниски примања обично се најранливи. Но, експертите велат дека сè уште е рано да се разработат долгорочните ефекти на времето поминато надвор од училницата. „Критично е да се внимава на тоа како децата ќе се справат со променетата рутина на училиште и неизвесноста“, вели проф Кресвел.

 

Преземено од: https://www.bbc.com/news/health-54013718

anxietyCOVID19mentalhealthанксиозностКОВИД19коронавирус