Трошоците за живот во земјава во услови на пандемија и понатаму вртоглаво раснат. На едно четиричлено семејство во Македонија му е сe потешко да ги подмири основните трошоци за живот, коишто се далеку поголеми од просечната плата во земјата.
Стандардот на македонскиот граѓанин е далеку од достоинствен и тој бележи стагнација – но и пад според сите економски параметри воочени во повеќе анализи на оваа тема.
Гости во новото издание на 25 минути се Јаким Неделков, претседател на Синдикатот за образование, наука и култура, Миле Бошков, претседател на Бизнис конфередерацијата, Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, Јагода Шахпаска, министерка за труд и социјална политика и Игор Трајковски, IT експерт кој работи во Амстердам, Холандија.
Инсерт од 25 минути