Последните корупциски скандали за кои се пишуваше и зборуваше во македонските медиуми, вклучувајќи ја и нашата емисија „25 минути“ ја преминаа нашата граница. Тие се најдоа и во европскиот печат, како германскиот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.
Според претседателот на ГРЕКО, неспроведувањето на препораките во голема мерка објаснува зошто довербата на луѓето во политиката е многу мала и ќе продолжи да се влошува доколку политичарите не го подобрат нивото на усогласеност со стандардите за интегритет.
Гости во 25 минути се Билјана Ивановска, претседателка на Државна комисија за спречување на корупцијата, Марин Мрчела, претседател на ГРЕКО, и Нилс Фуглсанг, европратеник од Данска.