Менструална (не)правда: Протест за олеснување на достапноста до производи за менструална хигиена

Вчера се одржа протест пред Министерството за финансии по повод денот 28 мај, Денот на менструалната хигиена, од страна на здружени активистки и активисти-претставници на регионалната Мрежа за родово-одговорно буџетирање, Платформата за родова еднаквост и PERIOD Movement Skopje.

Целта на протестот е да се подигне свеста кај граѓаните дека менструалната хигиена не треба да претставува привилегија и поради тоа мора да се стави крај на менструалната и женската сиромаштија, со цел да се олесни достапноста и пристапноста до производи за менструална хигиена. 

“Бараме намалување на данокот на додадена вредност од 18 % на 5 % на производите за менструација со цел намалување на продажната цена на овие производи; Бараме поттикнување на употребата на менструални чашки преку субвенционирање на цената; Бараме одвојување средства од буџетот за создавање на соодветни услови за одржување менструална хигиена во тоалетите на училиштата и јавните тоалети; Бараме бесплатни и достапни прозводи за менструација во основните и средните училишта и во јавните тоалети на територија на Република Северна Македонија, на товар на Буџетот на државата.“

 

Македонски Новости