Монтана само што донесе три анти-ЛГБТ+ закони за една недела

Државата е 6-та годинава што усвои закон кој ги таргетира транс-студенти спортисти.

По трет пат во рок од една недела, гувернерот на Монтана, Грег Џианфорте, донесе закон со кој се дозволува дискриминација кон ЛГБТ + заедница во државата.

Во петокот, републиканскиот пратеник го потпиша предлог-законот 112 од Домот, со кој се наложува учеството во училишни спортови на ниво на К-12 и колеџ да биде „засновано на биолошки пол.“ Слично на повеќе од 60 предлог-закони воведени во државните законодавни тела низ целата земја оваа година, ХБ 112 експлицитно забранува транс ученичките да се натпреваруваат во усогласување со нивниот родов идентитет, наведувајќи дека женските спортови „можеби не се отворени за студенти од машки пол.“

Но, соочувајќи се со стравот дека администрацијата на Бајден може да покрене судски спор против државата или да и го одземе федералното финансирање на Монтана, ХБ 112 вклучува клаузула што ќе го направи законот ништовен доколку федералната влада утврди дека е во спротивност со националните статути за дискриминација на половите.

ХБ 112 беше испратено до бирото на Џианфорте минатиот понеделник откако ги помина Државниот дом и Сенатот во април – поминувајки го последниот со исклучително мала разлика од четири гласа. Од него се очекуваше да го потпише законодавството откако го одобри нацрт-законот што им отежнува на транс-лицата да го корегираат својовот извод на родени претходниот петок и им дозволи на родителите да ги отпишат учениците од образованието за ЛГБТ + истиот ден кога беше донесен ХБ 112. (Тој потпиша и 4-ти нацрт-закон што може да се искористи како би се таргетирале квир и транс луѓето врз верска основа во април.)

Но, невобичаено, Џианфорте не го објави своето одобрување за СБ 112 како што правеше со претходните законодавства. Неговата канцеларија не објави соопштение ниту одржа прес-конференција за да го објави донесувањето на законот, а локалните медиуми дознаа дека е одобрена кога неговиот статус беше ажуриран на веб-страницата на Државната легислатива на Монтана, според Монтана Слободен печат.

Тивкото одобрување на Џианфорте ја прави Монтана 6-та држава што донесе закон во 2021 година со кој се ограничува учеството на трансродовите младинци во студентска атлетика. Други држави кои што донесоа слично законодавство се  Алабама, Арканзас, Мисисипи, Тенеси и Западна Вирџинија. Во соседната Јужна Дакота, нејзината републиканска гувернерка, Кристи Ноем, потпиша наредба со која ги упатува одделот за образование и одборот на регенти во државата да развијат политика за забрана на транс-спортистите да учествуваат во согласност со нивното чувство за себе.

Адвокатските групи во Монтана ја критикуваа одлуката на гувернерот. Мрежата за човекови права во Монтана (МЧПР), која им се придружи на организациите за граѓански права, како што се ACLU од Монтана и родовиот сојуз во Монтана, во спротивставување на легислативата за дискриминација од оваа година, ја нарече ХБ 112 „непотребна и штетна политика која доаѓа со голема цена за државата.“

„Овој предлог-закон неправедно е насочен кон транс младината и ризикува милиони федерални долари за образование,“ рече претставникот на МЧПР. „Широка и разновидна коалиција на организации и лидери ќе продолжи да се бори за еднаквост на сите луѓе, вклучително и транс-млади, и нема да дозволи овој предлог-закон да нè сопре.“

Потпишувањето на ХБ 112 служи кон понатамошно зајакнување на рекордот во 2021 година како најлоша година за анти-ЛГБТ+ законите во историјата. Според кампањата за човекови права (КЧП), оваа година се потпишани 17 предлог-закони кои се насочени кон квир и транс луѓе – чие мнозинство сакаат да ги спречат транс-млади да имаат пристап до атлетика или здравствена заштита која го потврдува нивниот родов идентитет. Претходниот рекорд го држеше 2015 година, во кој беа донесени 15 дискриминаторски закони.

Генерално, повеќе од 220 анти-ЛГБТ+ законски регулативи се воведени во 2021 година.

Оваа година лидер во законите за омраза може да биде следната држава што ја следи Монтана во дискриминацијата на транс-студентските спортисти. Во петокот, Комитетот за јавно образование на Тексас изготви предлог-закон за транс-спорт, дури и откако тој веќе беше поразен на партиското гласање. Според Ен-Би-Си вести, Предлог-законот 29 на Сенатот го оживеа демократскиот претседател на комитетот, државниот претставник Харолд Датон (округ Д-142) како одмаздничка мерка откако неповрзаниот предлог-закон на кој тој беше автор, беше одбиен неколку дена претходно.

„Не знам колку е голем овој проблем,“ им рече Датон на неговите колегите кои се членови на комитетот во петокот, пред СБ 29 да биде изгласан со 8 против 5. „Би сакал да знам, затоа што ќе бев во подобра позиција при гласањето. Но, можам да ви го кажам ова, предлог-законот што беше одбиен синоќа ќе влијае на многу повеќе деца отколку што некогаш ќе влијае овој предлог-закон.“

Предлог-законот на Датон би му дал овластување на Комесарот за образование во Тексас да ги истера членовите од локалните училишни одбори, ако нивните окрузи не се во можност да „исполнуваат различни академски стандарди,“ според Тексас трибјун. Локалното вести известуваат дека предлогот бил „главно непопуларен меѓу демократите,“ кои тврдат дека одзема премногу моќ од окрузите за да донесуваат свои одлуки.

СБ 29, кој веќе го помина Државниот сенат, сега ќе се упати кон Претставничкиот дом на гласање, иако сè уште не е закажан. Републиканците ги контролираат коморите со мнозинство од 16 места, а гувернерот на ГОП во Тексас, Грег Абот, неодамна го повика законодавниот дом да го испрати предлог-законот до неговата работна маса. Ребека Маркез, државна законодавна директорка на КЧП за Тексас, ја нарече одлуката на комитетот кон напредување на СБ 29 „несовесна.“

„На предлог законите како СБ 29 се спротивставуваат едукатори, спортски организации и медицински професионалци,“ рече Маркез во изјавата. „На секоја сесија, законодавците во Тексас ја рециклираат истата дискриминаторска политика за создавање страв и секоја сесија, граѓаните на Тексас низ целата држава се соочуваат со последиците,“

Според националната група Слобода за сите Американци, над 20 предлог-закони кои негативно влијаат на ЛГБТ + заедницата се објавени оваа година во Тексас. Овие вклучуваат неколку предлози со кои се забранува здравствена заштита за трансродовита младина,а  најлошиот од нив ќе ги означи родителите како „злоставувачи на деца“ затоа што им дозволуваат на нивните деца да започнат постапка за менување на својот пол.

 

LGBTIЛГБТИМакедонски НовостиСАД