Научникот зад првата Covid-19 вакцина која стигна до привремени клинички испитувања вели дека е убеден дека неговиот производ може „да го уништи вирусот“ и да стави крај на пандемијата што го држеше светот како заложник во 2020 година.
Германската компанија „BioNTech“ и американскиот фармацевтски гигант „Pfizer“ објавија преку соопштение за медиумите во понеделникот дека вакцината која заеднички ја развија ги надмина очекувањата во клучните испитувања во фаза 3, докажувајќи 90% ефикасност во спречувањето на луѓето да заболат.
Сепак, недостатокот на целосни групи на податоци од тековните испитувања го остави неодговорено прашањето дали вакцината е исто така ефикасна за оние со асимптоматска инфекција.
Во своето прво интервју за британски весник, извршниот директор на BioNTech, Угур Шахин, за Гардијан изјави дека е оптимист. „Ако прашањето е дали можеме да ја запреме оваа пандемија со оваа вакцина, тогаш мојот одговор е: да, затоа што верувам дека дури и заштитата само од симптоматски инфекции ќе има драматичен ефект“, рече Шахин во он лајн интервјуто на Zoom од неговиот дом во Мајнц .
Додека не беа откриени резултатите од испитувањето во понеделникот, рече научникот, тој не беше сигурен дали неговата вакцина ќе предизвика доволно силна реакција од страна на човечкиот имунолошки систем. „Навистина постоеше можноста да не постои начин на кој вакцината би го спречила вирусот и тој да најде начин да стигне до клетките и да продолжи да ги разболува луѓето. Сега знаеме дека вакцината може да го победи овој вирус.“
Додека тековните испитувања на вакцината BioNTech/Pfizer официјално нема да докажат дека спречува пренесување на вирусот, за разлика од само запирање на заразените лица, 55-годишникот рече дека резултатите кои имале значително голем ефект го навеле да претпостави дека може .
BioNTech, компанија основана во 2008 година од германските научници кои се и брачен пар, Шахин и Озлем Туречи, како и австрискиот онколог Кристоф Хубер, ја развија својата вакцина со експериментален метод познат како mRNA.
Додека конвенционалните вакцини земаат генетски информации од вирус и ги одгледуваат во човечка клетка, методот mRNA само бара генетски код на вирусот, со што се скратува процесот на производство за скоро три месеци.
Експертизата на Фајзер со вакцините за масовен пазар и брзата реакција од страна на регулаторните власти помогнаа да се забрза процесот на развој на 10 месеци отколку на години, рече Шахин. „Практично немаше време на чекање. Замислете дека сакате да стигнете од едниот до другиот крај на Лондон и насекаде има сообраќаен метеж. Би ви бил потребен половина ден. За нашиот проект, улиците беа празни.“
„Вакцината го спречува Covid-19 да добие пристап до нашите клетки. Но, дури и ако вирусот успее да најде начин за влез, тогаш Т-клетките го уништуваат и го елиминираат. Ние многу добро го обучивме имунолошкиот систем за да ги усовршиме овие два одбранбени потези. Сега знаеме дека вирусот не може да се одбрани од овие механизми.“