Со цел да се стави крај на насилството врз жените на глобално ниво, активистите одржаа собири во средата, а светските лидери повикаа на акција за запирање на насилството, што оваа година се влоши заради пандемијата на Ковид 19.
На Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените се одржаа протести од Франција до Украина за да се сврти вниманието кон семејното насилство во борбата што се води за да се заштитат милиони жени убиени или злоупотребени секоја година од нивните партнери и блиски роднини.
Во Рим, канцеларијата на премиерот беше осветлена во црвено и црвени банери беа поставени во канцелариите на синдикатот во Фиренца за да се побара крај на насилството врз жените. Италија годинава беше жариште за инфекции со КОВИД-19, принудувајќи ја владата да воведе карантин за да го сопре ширењето на вирусот. Како несакана последица, случаите на семејно насилство почнаа да растат.
„Поради ограничувањата, ние неволно создадовме огромна вознемиреност,“ што доведе до зголемени епизоди на семејно насилство и фемицид, рече премиерот Џузепе Конте на парламентарната дискусија за долгогодишниот проблем на Италија со насилството врз жените.
Италијанското Министерство за здравство, повикувајќи се на податоци од националната агенција за статистика ИСТАТ, соопшти дека повиците кон телефонските линии за семејно насилство се зголемиле за време на карантинот, регистрирајќи пораст од 75% во споредба со истиот период во 2019 година. Помеѓу март и јуни, повиците и СМС-пораките до бројот на анти-насилство, во истиот период, се зголемиле на 119,6%
Заедно со шпанскиот премиер Педро Санчез, Конте потпиша заедничка декларација во која вети забрзување на мерките за сузбивање на насилството врз жените, што тие го нарекоа „невидлива пандемија.“
Дури и ако е тешко да се дојде до детална статистика, организациите и земјите од Обединетите нации до Европската унија, Франција и Велика Британија, сите рекоа дека досега пандемијата беше дополнителен извор за мажите да ги малтретираат жени.
Во Украина, феминистичката активистичка група Фемен организираше протест пред канцеларијата на претседателот каде протестираа топлес пред да биде одвлеченени одтаму.
„Ние сакаме да ја илустрираме состојбата со правата на жените во украинското општество – незаштитени од било какво насилство. Мислиме дека насилството врз жените е кршење на човековите права,“ рече активистката на Фемен, Ања Алиан.
Агенцијата на ОН, UNAIDS, рече дека „доказите покажуваат дека пандемијата на КОВИД-19 резултираше со значително зголемување на родово насилство во скоро сите земји,“ особено за жените заробени дома со нивниот злозтавувач.
„Насилството на мажите врз жените е исто така пандемија што претходи на вирусот и ќе го надживее,“ рече Фумзиле Мламбо-Нгкука, извршен директор на агенцијата за жени на ОН.
„Само минатата година, 243 милиони жени и девојчиња доживеале сексуално или физичко насилство од нивниот партнер. Оваа година се зголеми бројот на извештаите поради зголемено семејно насилство, компјутерско малтретирање, детски бракови, сексуално вознемирување и сексуално насилство.“
Папата Франциско го одбележа денот со твитање: „Многу често жените се навредувани, малтретирани, силувани и принудени да се проституираат. Ако сакаме подобар свет, дом на мирот, а не двор на војната, сите мора да сториме многу повеќе за достоинството на секоја жена.“
Владата на Франција потпиша договор со ТикТок за да ги охрабри младите да пријават злоупотреба преку социјалната мрежа. Светското тело за управување со фудбал ФИФА објави кампања за подигнување на свеста.
Договорот на Франција со ТикТок е меѓу повеќекратните мерки што државата ги презеде по националното пресметка на семејното насилство минатата година, поттикнато од невообичаено висок број на жени убиени од нивните сопрузи, момчиња или поранешни партнери. Активистите велат дека треба да се стори повеќе.
Француската министерка за еднакви права, Елизабет Морено, рече дека според извештаите за семејно насилство регистрирани кај владата, дошло до искачување од 42% за време на првиот карантин во Франција оваа пролетта, а пораснале за 15% откако е воведен нов карантан пред скоро месец дена. Со оглед на тоа што повеќето луѓе не пријавуваат вакво злоупотребување, се верува дека вистинскиот пораст е поголем.
Во Велика Британија, Заводот за национална статистика соопшти дека полицијата забележала 259.324 прекршоци на домашно насилство помеѓу март и јуни, што е зголемување за 18% во споредба со истиот период во 2018 година. Добротворната организација „Бегалци“ рече дека бројот на луѓе кои се јавуваат на нејзината телефонска линија за помош при семејно насилство бил за 65% поголем помеѓу април и јуни отколку во првите три месеци од годината, пред карантинот.
„Овие ужасни статистички податоци покажуваат ендемични нивоа на домашно насилство,“ рече портпаролот на Лабуристичката партија, Ник Томас-Симондс. „Кризата поради КОВИД не ја создаде оваа лузна во нашето општество, но ја направи ситуацијата уште полоша.“
Најголемата организација за човекови права во Европа, Советот на Европа од 47 нации, ги повика законодавците низ цела Европа подобро да ги заштитат жените и девојчињата.
„Пандемијата на КОВИД-19 покажа колку е кревка заштитната мрежа за заштита на жртвите на насилство, особено кога станува збор за семејно насилство,“ рече Петра Бајр (СПЦ, Австрија), претседател на Комитетот за еднаквост и недискриминација на парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ).
„Зголемувањето на насилството за време на карантинот беше шокантно откритие во скоро сите наши општества; ги стави под лупа штетните начини на размислување кои сè уште преовладуваат.“