Се покажа дека оние кои не ги почитуваат препораките поврзани со Ковид-19, се побесчувствителни како и понепријателски и поизмамнички насторени.
Научници во Бразил го поврзаа отпорот кон безбедносните мерки поради Ковид-19, како што е носењето маска, со асоцијални карактеристики на личноста. Нивната студија беше прва од ваков вид во Латинска Америка со над 1.500 испитаници на возраст од 18-73 години. Користејќи прашалник, научниците се обидоа да ја идентификуваат афективната резонанца на учесниците – нивниот импулс да изреагираат поради чувства предизвикани од друга личност – и поставија серија карактерни прашања за тоа колку одредени изјави го претставуваат нивното однесување. Истражувањето исто така праша колку ги почтувале мерките поради Ковид-19 со текот на времето, како што е носење маска.
Откако беа анализирани, беа откриени два типа на профили: антисоцијален профил, лица кои покажувале отпор кон безбедносните мерки на Ковид-19 и емпатичен профил, лица кои ги почитувале мерките.
Асоцијалниот профил е поврзан со повисоки бодувања кај личните прашања поврзани со „бесмисленост, измама, непријателство, импулсивност, неодговорност, манипулативност и преземање ризик“, асоцијални одлики кои, како што забележува студијата, „обично се присутни кај луѓе со дијагностицирано Антисоцијалено нарушување на личноста (Antisocial Personality Disorder [ASPD])“.
Оваа група исто така имаше пониски резултати во афективна резонанца. Емпатичниот профил покажа повисоки резултати во афективна резонанца и пониски бодувања кај карактеристиките поврзани со ASPD. Тимот што ја спроведе студијата рече дека се надеваат дека наодите ќе помогнат за да ги убедат здравствените службеници да направат повеќе за да ги едуцираат луѓето како и да влијаат врз нивните политики. „Преку скрининзи кои покажуваат покачување кај овие карактеристики [ASPD], може да се извршат интервенции со цел да се постигне поголема свесност и последователна усогласеност со мерките за ограничување“, објасни тимот.
Додека се одржуваа протести низ целиот свет околу носењето маски, нивната ефикасност продолжува да се докажува со сè поголем број студии. Меѓународен извештај објавен во „Лансет“, во кој се анализирани податоци од 172 студии во 16 земји, открива дека со носење маска на лице, постои само 3 проценти шанси да се заразите со Ковид-19. Во вторникот на 22 септември, Борис Johnонсон објави нови правила за покривање на лица, зголемувајќи го бројот на места во Англија каде е задолжително да се носи. Неколку групи се ослободени од новите правила, како што се деца под 11-годишна возраст, лица со одредени физички и ментални нарушувања и во ситуации кога носењето маска може да резултира во сериозно вознемирување. Кој е ослободен од носењето на маска, можете да дознаете овде.
Превод: Рушка Бабиќ