Информациите на веб страниците на дел од институциите, општините и министерствата ретко се обновуваат со најнови податоци. Информациите кои ги има се тешко разбирливи дури и за новинарите, за одговор од надлежните некогаш се чека и по еден месец, а голем број од институциите имаат дури и ограничено ниво на транспарентност, особено во делот на годишните финансиски пресметки и во ставките за тоа колку трошат функционерите.
Зошто институциите знаат да го заобиколуваат Законот за слободен пристап до информации, кои се најнетранспарентните органи за граѓаните, но и како подобро да се почитува принципот на транспарентност од надлежните се дилемите кои во моментов се актуелни во јавноста.
Гости во 25 минути се Пламенка Бојчева, директорка на Агенцијата за пристап на слободни информации, Роберт Поповски, Национален координатор за одговорно владеење и транспарентност, Маја Јовановска, новинарка, ИРЛ и новинарот Тони Гламчевски од Париз, Франција.