Транспарентноста на институциите како најважна алка на демократијата тапка во место, законите не се почитуваат, нема отчетност пред јавноста. Сето тоа отвора простор за корупција на која со декрет предупреди и американскиот престедател Џо Бајден каде е нагласено “унапредувањето на демократијата, транспарентноста, отчетноста и демократското управување низ целиот Западен Балкан, во согласност со стандардите што земјите мора да ги исполнат за да напредуваат на европскиот пат“.
Од минатата година, активната транспарентност е подобрена за само 5%, а скоро 20% во последните пет години. Според најновиот Индекс на активната транспарентност, на Центарот за граѓански комуникации- Владата и министерствата се потранспарентни од општините и објавуваат 79 % од информациите, општините само 60% од податоците за својата работа. Општините во скопскиот регион се најмалку отворени кон јавноста.
Гости во најновото издание на 25 минути се Пламенка Бојчева, директорка на Агенцијата за за заштита на правото на слободен пристап до информации, Борче Давитковски, универзитетски професор по административно право при УКИМ, Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации, Билјана Жикиќ. новинарка од Љубљана, Словенија и Љупчо Николовски, вицепремиер за борба против корупција.