На три дена пред почетокот на пописот се зголемуваат тензиите, остануваат проблематични прашања- критичното време за попис во услови на пандемија, зошто во прашалникот стојат етничка и верска припадност, но и јазикот- опасни преседани кои историски имале ужасни последици. Дополнително, се разгореа дебати за попишувањето на лицата во странство, со што во целина- оваа статистичка операција од самиот почеток има меѓупартиски обвинувања за политичка димензија- дека практично станува збор за политичка, а не статистичка операција.
Во најновото издание на 25 минути, гости беа Апостол Симовски, директор на Државен завод за статистика, Домчо Герасимовски, поранешен директор на Државен завод за статистика, Костадин Костадинов од СДСМ, Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ и потпретседателот на Либералната Интернационала, Емил Кирјас (Лондон, Велика Британија).