„Корупција на работно место“ е новото продолжение на проектот на режисерката Драгана Гунин која изминатава година истражуваше случаи на сексуално вознемирување кај студентки и студенти.
За овој проект кој ќе се одвива во неколку етапи, потребни се волонтери и учесници кои во првата фаза ќе поминат низ низа обуки и тренинзи пред да се започне со втората фаза во која се предвидени аудио приказни, претстава или перформанс и документарен филм.
„Покрај вистински сведоштва имаме за цел да создадеме и простор за поддршка на оние кои веќе поминуваат низ ваков процес. Пријавените треба да се повозрасни од 22 години, а во пријавата покрај биографија треба да испратат и кратко мотивационо писмо зошто би сакале да бидат дел од проектот. Темите и приказните се чувствителни и тешки за слушање.“
„Корупција на работно место“ има за цел да ги истражи формите на корупција со кои се соочуваат жените при барање на работа а понатаму и на самото работно место. Се посветува најмногу внимание на сексуално вознемирување кое е познато и под името sextortion.
Обуките и целото истражување ќе бидат под водство на Драгана Гунин. Тренингот ќе трае 5-7 дена, онлајн, и ќе започне крајот на јануари а истражувањето во февруари.
Пријавувањето е отворено за лица на возраст над 22 години и трае до 24.01.21, 00:00. За да се пријавите, можете да го испратите вашето CV и мотивационо писмо на activismartistic@gmail.com