Здружението ХОПС отвори поетски конкурс за избор на најдобра поема посветена на хуманите политики и практики на есенцијалното користење на дрога.
„Кажете ни ја вашата или нечија борба, соочување, тага, судбина, поврзана со погрешната војна против дрогите, преку поезија. Напишете за некои од проблемите со кои се соочувате поради забраната на дрогите. Кажете ни кон каков вид на услуги сте се обиделе да пристапите, што сте ги добиле, а што не. Кажете ни какви промени сакате да видите. Кажете ни дали треба да сопре прогонот на луѓето кои користат дроги.“
До 23 јуни имате можност да испратите поетска творба на bogdan_kolev@yahoo.com или во сандачето на Фејсбук страната на ХОПС. Учесникот чија твора која ќе биде избрана на овој конкурс ќе добие 150 долари, и учество во радио и ТВ емисии. Секој автор може да учествува со по еден поетски примерок. Победникот ќе биде објавен на 26 ти јуни.
Оваа акција е како дел од глобалната кампања „Поддржи. Не казнувај!“, која се одржува по повод Меѓународниот ден за борба против дрогите. Почнувајќи од 2013 година, секоја година на 26 јуни здруженијата и слободоумните поединци од целиот свет со мотото Support. Don’t Punish. ги предизвикуваат своите влади и меѓународните организации да се откажат од прогонот на луѓето кои употребуваат дроги и да воведат похумани политики и практики засновани на докази и на потребите на луѓето.