Како резултат на рекордниот број на жени-републиканки кои освоија места во Конгресот, две од новоизбраните пратенички, републиканката Ненси Мејс и републиканката Никол Малиотакис, ја истакнаа важноста за создавање застапеност во Републиканската партија за да служи како контрола на нивните демократски колеги.
Мејс, која го освои местото во Преставничкиот дом во Јужна Каролина кое вообичаено беше на демократите, рече дека нејзината партија има многу повеќе жени кои се кандидирале оваа година, додавајќи дека овој тренд треба да опстане ако републиканците сакаат да продолжат со диверзификација. Таа подоцна призна дека демократите претходно биле подобри кога станува збор за регрутирање на жени да се кандидираат.
„Ние навистина ги рефлектираме лицата на Америка,“ рече Мејс за Дана Баш од CNN на „Државата на Унијата“ за следната генерација на републиканците. “Разновидноста и вклученоста што ја имаме во Републиканската партија. Тоа е нашата иднина. И ако не започнеме со регрутирање на вистински луѓе – малцинства, жени, ветерани, итн., тогаш во иднина ќе изгубиме.“
Малиотакис, кој исто така го освои местото во Претставничкиот дом во Њујорк кое вообичаено беше на демократите, го нарече ГОП „голема шаторска забава“ и заслугата за победата им ја одаде на Кевин Мекарти лидерот на малцинството во Претставничкиот дом, како и републиканките Лиз Чејни и Елиза Стефаник. Републиканката од Њу Јорк, која е ќерка на кубански бегалец и грчки имигрант, истакна дека многу од нејзини идни колеги делат слично потекло со нејзиното.
Малиотакис рече дека верува дека една од причините што многу жени републиканки биле мотивирани да се кандидираат е: „гледајќи ги демократските жени избрани во 2018 година кои не нужно ги рефлектираат нашите вредности, особено оние кои, знаете, сами се опишуваат како социјалисти.“
Како ќерка на кубански бегалец, Малиотакис се надева дека „ќе биде дел од дискусијата и дебатата и ќе даде гледиште од спротивната страна.“
Малиотакис рече дека би сакала да изгради „Одред на слободата“ за да се спротивстави на демократскиот „Одред“ – од четирите прогресивни жени од малцинства, кои ги вклучуваат претставничките Александрија Окасио-Кортез од Њу Јорк, Илхан Омар од Минесота, Рашида Тлаиб од Мичиген и Ајана Пресли од Масачусетс, кои беа повторно избрани во ноември.
На прашањето за „Одредот за слобода,“ во неделата, Малиотакис рече дека групата на новоизбрани републикански членови во Конгресот, која вклучува и голем број на имигранти и деца на бегалци како неа „ќе служат како противтежа на вредностите“ на другиот одред .
„Тоа за кое што ние се залагаме се независност, слобода, ние ја сакаме оваа нација, сакаме да видиме како таа преовладува, сакаме да видиме дека останува земја на можности, што е она што во суштина привлече милиони имигранти од целиот свет да го бараат тој американски сон. Не веруваме дека треба да ја сузбиеме економијата, не веруваме дека треба да ги уништуваме принципите на слободниот пазар, не веруваме во „Новиот зелен договор,“ не веруваме во судовите, јас мислам дека постои голем контраст помеѓу она што го нудиме ние и она што го нудат луѓе како Александрија Окасио-Кортез, и тоа е нешто за што треба да се расправа во Вашингтон,“ рече Милиотакис, додавајќи дека се надева дека ќе го обезбеди тој баланс на Окасио-Кортез и во Њујорк.
На прашањето дали верува дека Џо Бајден е избраниот претседател, Мејс, која ја истакна важноста на меѓупартиската работата, одговори: „Па, мислам, тој е избраниот претседател. Верувам дека процесот на транзиција се случува сега, “ додавајќи дека смета дека Претседателот треба да ги следи сите свои законски опции и да презентира докази „ доколку постојат неправилности во гласањето“.
Нема докази за широко распространета неправилности во гласањето на овие избори.
Малиотакис исто така рече дека не смета дека неоснованите тврдења на претседателот Трамп го поткопуваат резултатот од нејзината сопствена победа или пак таа на нејзините републикански колеги.
„Не верувам дека Претседателот пробува да поткопа нешто“, изјави Малиотакис пред Баш и додаде дека јавноста мора да му верува на системот.
„За да работиме заедно и да имаме двопартиска соработка, јавноста треба да има доверба во нашиот систем и ова се однесува на интегритетот на нашиот изборен систем, и како што вели Ненси Мејс, очекувам да соработувам со секој што ќе работи со нас за американскиот народ кога сè е кажано и готово,“ рече таа.