На 5 и 6 март во 20 часот ќе се одржи премиера на претставата „ОДЛУКА“ во режија на Хана Миленковска во Младинскиот Културен Центар во Скопје. Коавтори и актери во претставата се Мартин Ѓоргоски и Чедомир Митевски.
Билетите изнесуваат 300 денари, истите се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн. За да купите билети онлајн, кликнете тука.
„Одлука“ е уметничко истражување за носењето одлуки, чиј краен исход е театарска претстава. Секојдневно сме соочени со низа избори кои мора да ги направиме, некогаш мали и бенигни, некогаш непријатни. Во ова дело, ние, авторите, решивме тргнувајќи од себе од различни агли да ги набљудуваме сопствените ограничувања, начините на кои сме условувани да размислуваме, препреките што сами си ги создаваме.
“Тргнавме од тоа дека ќе ги анализираме одлуките што сме ги донеле досега, како поединци, но и како општество, па можеби ќе разбереме што отсега. Не сме сигурни што разбравме, но знаеме дека ни е важно тоа што го направивме. Не сме убедени во исходот, но важно ни е некој ова да го види и чуе.”
*Настаните ќе биде организирани со почитување на актуелните ковид-протоколи.