Претседателката на Европската Комисија ги осудува „зоните без ЛГБТ“ со критика кон Полска

Претседателката на Европската комисија во средата изјави дека нема место во блокот за таканаречените „зони без ЛГБТ“, изразувајќи критика кон полската националистичка влада што се залага за ограничување на правата на хомосексуалците, бисексуалците и трансродовите лица.

„Зоните без ЛГБТИ се зони без човештво. И немаат место во нашата (Европска) Унија“, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на својот годишен говор во Европскиот парламент.

„Прекршувањето на владеењето на правото не може да се толерира“, рече таа. Минатиот месец, полскиот министер за правда рече дека еден град што го изгубил финансирањето од ЕУ, откако се нарече зона ослободена од „ЛГБТ идеологијата“, ќе добие владина финансиска поддршка. Фон дер Лајен рече дека извршната власт на блокот наскоро ќе претстави „стратегија за зајакнување на правата на ЛГБТИ“ во блокот, како и притисок за заемно признавање на семејните односи во ЕУ.

„Ако сте родители во една земја, вие сте родители во секоја земја“, рече таа. Во моментов, некои земји во блокот ги признаваат истополовите бракови и родителството, но други не. Тоа доведува до ситуации во кои, на пример, две жени кои се признаени како мајки на нивните деца во Франција нема да бидат третирани на ист начин во Полска, што значи дека нема да имаат исти права во зависност од тоа каде се наоѓаат во ЕУ.

ДИСКРИМИНАЦИЈА

Владата на законот и правдата (PiS) во Полска – како и нејзиниот евроскептичен сојузник, унгарскиот премиер Виктор Орбан, веќе долго време се во расправија со ЕУ за намалување на демократските стандарди. Додека дветее посткомунистички држави имаат корист од дарежливите давачики од ЕУ, нивните владетели се под притисок поради ставање на судовите и судиите, медиумите и академиците, невладините организации и групите за права под директна владина контрола. 27-те министри за работи на Унијата повторно ќе разговараат за ова прашање во Брисел следниот вторник, иако не се очекуваат никакви одлуки и блокот досега не успеа да спречи Варшава или Будимпешта да заостанат во однос на владеењето на правото.

Следниот заеднички буџет на блокот од еден трилион евра за периодот 2021-277 година и поврзаниот нов фонд за економско закрепнување во вредност од дополнителни 750 милијарди евра за да се помогне во санирање на економската штета направена од коронавирус, ќе го условат пристапот до парите на ЕУ со демократските вредности. Сепак, точните детали за која било таква нова шема сè уште не се јасни, при што Европскиот парламент се залага за тешки услови, додека Варшава и Будимпешта се закануваат со вето на се што ќе ги загрози нивните надоместоци. Прашањето е поставено да доминира во есенската политичка агенда во блокот, на кој му е потребен договор за механизмот за пари за демократија, за да се одобри трошење во вредност од стотици милијарди, како што бараат земјите на ЕУ како Шпанија и Италија кои се најтешко погодени од пандемијата. Фон дер Лајен, исто така, го критикуваше појавувањето на антисемитски карневалски слики, редовна појава на места како Белгија, каде реномираната парада на Алст се соочи со повлекување од списокот на признати културни настани на Обединетата нација поради обвинувања за расизам и антисемитизам.

Превод: Рушка Бабиќ 

 

 

владеењенаправотодискриминацијаевропскакомисијаевропскаунијазонибезЛГБТИЛГБТИполска