ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање на лице за комуникации, на определено време за периодот 1 февруари – 31 декември 2022 година, со можност за продолжување на ангажманот.
Заинтересираните кандидат(к)и треба да ги исполнуваат следните квалификации:
- Завршено високо образование;
- Најмалку 3-годишно работно искуство во координирање комуникациски активности и односи со јавноста;
- Исклучително познавање на македонскиот јазик и солидно познавање на англискиот јазик;
- Напредни вештини за уредување, развој на содржини и комуникација со нови и традиционални медиуми;
- Солидни познавања за издавачката дејност и процеси на продукција на видео и аудиоматеријали;
- Подготвеност за тимска работа и насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи.
Предност ќе имаат кандидатите и кандидатките кои ќе покажат искуство во:
- Искуство со комуникација на теми поврзани со сексуалното и репродуктивното здравје и права;
- Солидни вештини за користење на програми за графичко уредување;
- Искуство во работа во граѓанска организација.
Опис на работната позиција:
Ангажираното лице ќе биде одговорно за спроведување и мониторинг на интерниот протокол за комуникации. Работните обврски ќе вклучуваат:
- Уредување на 2 веб-страници на ХЕРА и водење на профилите на социјалните мрежи според однапред изготвен план;
- Координирање на комуникацијата со јавноста и со медиумите;
- Вклученост во организирањето на стратегии за комуникации;
- Креирање на е-информатор (двомесечник);
- Поддршка во организирањето на логистичките и комуникациските активности на организацијата;
- Поддршка во процесите на креирање кампањи и продукција на видео и аудиоматеријали;
- Поддршка во процесите на издаваштво;
- Подготовка на извештаи за опфатот со комуникациските активности.
Ангажманот се однесува на периодот од 1 февруари до 31 декември 2022 година и предвидува месечен хонорар во висина од 25.000,00 денари во бруто износ, за работно време од 20 часа неделно.
Заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:
- детална биографија на македонски јазик (со јасно наведено претходно искуство според условите на конкурсот),
- писмо за мотивација на македонски јазик и
- препорака од претходен работодавач за искуство во спроведување комуникациски активности.
Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за лице за комуникации треба да се испратат електронски на konkurs@hera.org.mk најдоцна до 14 јануари 2022 година, до 17 часот.
Кандидат(к)ите кои најдобро одговараат на горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју по завршувањето на конкурсот. Кандидат(к)ите кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.
Сите пријавени ќе бидат известени за резултатите, по електронски пат, во рок од 8 дена по затворањето на конкурсот.
ХЕРА гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.